Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште еден Извештај за застојот и назадувањето на Северна Македонија во 2024, без оглед на формалниот наслов

0
By Marija Todorovska on October 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2024 16:05
Секое соучество на опозицијата во такво премолчано „национално единство” со Мицкоски за удел во параетничко владеење лесно ќе ја дисквалификува: и во Скопје и за Брисел и за Вашингтон, „еден Мицкоски е доволен“.

Ивон Величковски
Еве како следниот да биде за напредокот – по наслов и содржина.
1. Уставно дополнување на Преамбулата.
Мицкоски бара начин како да го претстави условувањето на уставното дополнување како голем дипломатски потег. Во ова се надева да наиде на разбирање од неговиот ЕНП-партнер, ГЕРБ.
Ако сакаа да ја следат старата московска идеја, Атина и Софија одамна ќе се договараа со Белград во однос на Скопје.
Преселувајќи го процесот на одлучување (на Македонците) за својата сегашност и иднина низ Рамковниот, Преспанскиот и Софискиот договор (сосе „францускиот предлог“) во Скопје – и Брисел и Вашингтон инвестираа доверба и разбирање кон македонскиот народ.
Потребата (или обврската?) Мицкоски да им ја нафрли и оваа “топка” за уште едно регионално разигрување на Вучиќ и Курти – не е од корист ниту на Македонците ниту на нацијата на Северна Македонија.
Мнозинството од нас не го дели пристапот на партиско контролирање лични и колективни права, поучено дека партиите тоа ќе го применат потоа врз секој несистемски Македонец присилувајќи го да бира – молк и корупција или на емиграција.
Конкретно: политичкото калкулантство на актуелните македонски партиски и државни водства наскоро ќе им се врати по глава на Македонците.
Секое соучество на опозицијата во такво премолчано „национално единство” со Мицкоски за удел во параетничко владеење лесно ќе ја дисквалификува: и во Скопје и за Брисел и за Вашингтон, „еден Мицкоски е доволен“.
2. Борба против корупцијата и анти-реформи во (право)судството
До каде е дополнувањето на Законот за примена на рестриктивни мерки? Дали новата Влада го повлече? Ако го повлекла, кога опозициските пратеници ќе го реиницираат?
Замрзнувањето и конфискацијата на нелегалниот имот стекнат со корупција и буџетска злоупотреба за личен интерес и малигни влијанија во овие два-триесет години по закон – е основа за борбата со корупцијата.
Ако сознанијата на САД, Канада, Обединетото Кралство… се адекватни за нивните органи да ги стават овие лица и семејства на „црни листи“… Ако тие „црни листи“ се кредибилни за постапување во европските земји – тие се доволни за институциите на Северна Македонија да ги замрзнат нивните имоти.
Впрочем за формирањето на “црните листи” – САД, Канада, Обединетото Кралство… сознанијата ги имаат (и) од институциите на РСМ.
Штом се отвори ова прашање ни ВМРО-ДПМНЕ ни ЗНАМ ни ВЛЕН нема да можат пак да го “реформираат” (право)судството низ окупација за потребите на југо-тајкуните.
Така и етнопартискиот монопол на југо-македонистите врз службите, со „спојување“ или со раководно-кадровско девастирање им е џабе.
3. Ова ги забрзува преговорите со ЕУ и го прави полноправното членство достапно во следните 5 години.
Поглавјето “Владеење на правото” е најдолгиот чекор кон дејугословенизирана и декомунистицирана Северна Македонија која брзо системски се функционализира и финансиски се опоравува. На ужас за власта и задоволство на граѓаните.
  • За да се опорави и функционализира државата се унапредува владеењето на правото.
  • За да се унапреди владеењето на правото се води борба со корупцијата.
  • За да се води борба со корупцијата, мора да се прекинат врските на контрола на југо-тајкуните преку партиите врз службите и (право)судството.
  •  За да се прекинат југо-тајкунските врски со малигните извори, им се замрзнува имотот. И по законска постапка – им се запленува и се враќа во буџетот.
Забрзано ќе гледаме зошто ова не им одговара на (раководствата на) ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Но и кому уште не. Низ “национално, надпартиско” и валутно единство на талози во партиите, медиумите, институциите, академиите, коморите.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
ЕУ Ивон Величковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.