Author: Marija Todorovska
Во Куќата на Робевци вечер ќе се одржи Музички-звучен перформанс насловен Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот).
Европските сојузници на НАТО и Канада би можеле да ја зголемат својата потрошувачка за одбрана во 2025 година помалку од минатата година, според извештај за проценките на расходите објавен денеска од страна на западната одбранбена алијанса.
Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд – 34 напади врз медиумски професионалци се регистрирани за помалку од два месеци додека известуваат за протести против корупција, соопштија „Репортери без граници“. Тие ја повикаа ЕУ да реагира.
Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука.
Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде импленетиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава.
Мадрид: Познатиот шпански режисер Педро Алмодовар денеска ја повика владата во Мадрид да ги прекине сите дипломатски и трговски односи со Израел поради, како што рече, „геноцидот во Појасот Газа“.
Долгометражниот филм „Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81.Венецискиот филмски фестивал, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“.
Пукањето во училиште во Минеаполис, во кое загинаа две деца, а 17 други беа повредени, се истражува како антикатоличко злосторство од омраза, вели ФБИ, пренесува Би-би-си.
Сите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, освен САД, на прес-конференција повикаа на итен прекин на огнот во Газа и изразија загриженост поради „намерно предизвиканиот“ глад во палестинската енклава.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи да се намали времетраењето на престојот во САД за странски студенти и новинари, бидејќи се заоструваат ограничувањата за легалната имиграција во земјата.
Европската Унија денеска остро го осуди синоќешниот руски напад врз Кијив, во кој, според најновите податоци, беа убиени најмалку десет лица, а меѓу погодените згради беше и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина.
Од денеска до 31 август, во просториите на Агро кооперативата на производители на грав „ПЕЛИКАН“ во Лемос, Преспа, ќе се одржи изложбата „По Материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија во заедничка креативна потрага.
