Author: Marija Todorovska
Завршува есенската потрошувачка кошница, ССМ велат дека оваа мерка не ги дала посакуваните резултати
Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.
Лондон: Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.
Конференција за инвестиции и култура на Северна Македонија се одржа во Санлитун, Пекинг во организација на Амбасадата на Северна Македонија во Пекинг, Глобалната платформа за економија и иновации и Стопанската комора на Санлитун.
Тирана: Тежок вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност.
Брисел: Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во Брисел изјави дека процесот на европска интеграција на Србија и Косово и нормализацијата на нивните односи се меѓусебно зависни, како и дека земјата не може да биде членка на ЕУ и да има односи со Русија.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предал Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2024 година.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во соработка со Меѓународната фондација за изборен систем (ИФЕС), денеска по повод Неделата за медиумска писменост организраше панел-дискусија со фокус на зајакнување на новинарскиот интегритет, постизборни медиумски дејствија, како и значењето на академиите за обука за новинари и медиумски работници, каде свое учество имаа главната и одговорна уредничка на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Сашка Цветковска, главниот и одговорен уредник на „360 Степени“ Васко Попетревски, директорката на БИРН Ана Петрушева, како и новинарот Миомир Серафимовиќ.
Пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција во законодавниот дом соопшти дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ Скендер Реџепи, за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, со цел да даде одговори на прашања поврзани со сертификатот по англиски јазик кој го приложил при конкурирањето за директор на Агенцијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Западот треба да признае дека Русија победи во Грузија и дека е подготвена да го стори истото во Молдавија, освен ако не се напушти западната реторика против преминувањето на црвените линии од страна на Москва.
Северна Македонија постојано ја истакнува својата политичка посветеност на стратешката цел за интеграција во ЕУ, како и нејзината амбиција да продолжи во процесот на пристапните преговори, се наведува во годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат, објавен денеска.
Токио: Крај на октомври е, а на јапонската планина Фуџи чијашто надморска височина е поголема од 3.700 метри, сè уште нема снег.
