Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цветковска: Не си одат само младите, туку и новинарите кои се помеѓу 30-40 години, кои се обучени и допрва треба да влезат и да водат. Наместо тоа, тие завршуваат незадоволни, без здравствено осигурување и без финансии

0
By Marija Todorovska on October 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 30, 2024 16:04

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во соработка со Меѓународната фондација за изборен систем (ИФЕС), денеска по повод Неделата за медиумска писменост организраше панел-дискусија со фокус на зајакнување на новинарскиот интегритет, постизборни медиумски дејствија, како и значењето на академиите за обука за новинари и медиумски работници, каде свое учество имаа главната и одговорна уредничка на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Сашка Цветковска, главниот и одговорен уредник на „360 Степени“ Васко Попетревски, директорката на БИРН Ана Петрушева, како и новинарот Миомир Серафимовиќ.

Македонија на хартија можеби има фер избори, но тоа не значи дека има интегритет во изборите, посочи Цветковска во своето обраќање, нагласувајќи дека невозможно е да се зборува за интегритет на избори, без да преовладуваат квалитетните информации во етерот. За да можат граѓаните да одлучуваат за својот најдобар интерес, вели, тие морат да бидат изложени на квалитетни информации кои ќе им помогнат да расудуваат.

– Без квалитетните информации да претставуваат мнозинство од информациите кои што циркулираат, невозможно е да се зборува за некаков интегритет на избори, ниту пак дека тоа се некакви фер избори. Граѓаните за да можат да одлучуваат за својот најдобар интерес мора да бидат изложени на квалитетни информации кои ќе им помогнат да расудуваат. Ние тоа го немаме, видовме драматичен пад во стандардите на медиумите во изминатите 20 години. Очигледно е дека трендот продолжува. Можеме да ги тренираме сите новинари на планетава, на крајот тие кога ќе дојдат и ќе треба да го пренесат своето знаење или да влезат и да работат во медиумската индустрија, ќе работат во редакции кои што служат во главно да креираат информации во интерес на сопствениците на тие медиуми, овде особено сакам да ги истакнам традиционалните медиуми, рече Цветковска.

Од друга страна, додаде, маркетинг агенциите креираат информации наместо новинарите. Според Цветковска, најголем дел од информациите кои што се пренесуваат во медиумите се маркетинг текстови спакувани како информации.

– Од друга страна имаме една нова индустрија, а тоа се маркетинг агенциите кои што веќе драматично навлегуваат во просторот каде што новинарите треба да креираат информации и тие креираат информации. Најголем дел од информациите кои што се пренесуваат во медиумите во ударните вести се маркетинг текстови спакувани како информации.  Имаме уште еден проблем, што немаме обучени, односно квалитетни кадри. Не би било фер кон младите да ги каниме да се обучуваат во оваа сфера. Најголем дел од луѓето кои што ние ги обучуваме си одат, а најстрашно од се е што не си одат само младите, туку и новинарите кои се помеѓу 30-40 години, кои се обучени и допрва треба да влезат и да водат. Наместо тоа, тие завршуваат незадоволни, без здравствено осигурување и без финансии, вели Цветковска.

Попетревски, пак, во своето обраќање го цитираше францускиот писател Албер Ками кој вели „интегритетот нема потреба од правила“ и нагласи дека доколку некому се потребни упатства „за да не лаже и да не се витка пред притисокот да работи во јавен интерес, тогаш подобро да не е во оваа професија“.

– На новинар со интегритет или со кичма навистина не му требаат правила и пишани упатства. Од една страна, правилата или вредностите се јасни и добро познати, всадени за секој што ќе посака да биде новинар. Од друга страна, ако ни требаат или ви требаат упатства да не лажете, да не се виткате пред првиот притисок да работите во јавен интерес, тогаш подобро да не сте во оваа професија. Сите ги слушаме изговорите „имам деца, треба да враќам кредит, немам алтернатива“, но може ли тие да бидат прифатливи изговори? Според мене, новинарството е професија во која не може да се биде без доза на идеализам, што пак не може секогаш да се поврзува со материјалното, рече Попетревски.

Директорката на БИРН Петрушева вели нужна е потребата од регулација на порталите како медиуми, бидејќи како што рече, без какви било критериуми и последици се крадат содржини од други редакции, замаглувајќи ја јасната слика кај јавноста за тоа од каде доаѓаат информациите.

– Видовме една страшен раст со влезот на порталите без какви било критериуми и на тој начин вие имате некој што може да седи дома на лаптоп и без никакви последици да ги краде сите содржини од сите редакции кои што треба да платат уредници, новинари, придонеси, компјутери, кирии итн. и тие два медиума да имаат еднаков третман, иако едниот не е медиум. Целиот хаос на медиумската сцена доведе до тоа тие луѓе, односно блогери да можат да бидат на исто рамниште, и што е најтрагично кај јавноста да се замаглат линиите и да не се разбира веќе кој е кој и од каде доаѓаат информациите, рече Петрушева.

ЗНМ ИРЛ новинари Панел дискусија Сашка Цветковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.