Author: Marija Todorovska
Сараево: Иако последниве неколку дена имаше апсења на неколку малолетни лица, денеска на адресите на училиштата во повеќе градови во Босна и Херцеговина стигнаа нови дојави за бомби.
Лондон: Британската радиодифузна корпорација Би-Би-Си соопшти дека крати 130 работни места во продукцијата на вести и тековните операции, со намалување на трошоците, вклучително и прекин на HARDtalk и приспособениот сервис за вести BBC Asian Network.
Венко Филипче: Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на “етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици. СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството. Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со…
Скопје: Земјотрес со епицентар во подрачјето на Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда 2.2, е регистриран вчера во 18.35 часот, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Лондон: Поранешниот шеф на британската армија, генерал сер Мајкл Џексон, почина на 80-годишна возраст, потврди британската армија на мрежата Х.
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
И покрај тоа што грејната сезона почна, осум основни училишта во Општина Карпош следат настава без парно греење. Градоначалникот на Општината, Стевчо Јакимовски, бара од Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, додека министерката за образование и наука Весна Јаневска тврди дека парите за греење во училиштата се исплатени на сите општини, а останува на градоначалниците, школите и директорите да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.
Скопје: Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Метин Ѓурак, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Во Јабланица денеска се одржа колективен погреб на 19 жртви од овој мал град во северна Херцеговина, кој најмногу настрада во поплавите и свлечиштата, а молитвата ја предводеше поглаварот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, реисот Хусеин Кавазовиќ.
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок вели дека таа се залага за укинување на едногласност во ЕУ, но додека тоа не се случи, Северна Македонија мора да ги почитува компромисите. Борис Георгиевски „Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ“, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски во Берлин. Средбата доаѓа еден ден по самитот на Берлинскиот процес кој се одржа во главниот град на Германија, на кој лидерите на земјите од Западниот Балкан се согласија на неколку договори кои треба да ја подобрат соработката во…
Додека се чека писмото да биде испратено, дел од јавноста смета дека реалниот свет функционира на правила, стандарди, договори, обврски и почитување на истите, а не на писма и создавање на лажна перцепција на реалноста за сопствените граѓани.
