Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Јабланица се одржа колективен погреб на 19 жртви од поплавите

0
By Marija Todorovska on October 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 15, 2024 16:19

Во Јабланица денеска се одржа колективен погреб на 19 жртви од овој мал град во северна Херцеговина, кој најмногу настрада во поплавите и свлечиштата, а молитвата ја предводеше поглаварот на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, реисот Хусеин Кавазовиќ.

Најголем број луѓе загинаа во селото Доња Јабланица кога врз него падна огромно количество камења од блискиот див каменолом, носени од водени порои.

– Секој говор овде денес е излишен. Се собравме да ги испратиме нашите браќа и сестри во подобар свет, рече во својот говор поглаварот на Исламската заедница, реисот Кавазовиќ.

Тој ги нарече мртвите шехиди (маченици), што е арапско име за жртва која умира откако ќе ги исполни сите обврски како верник во животот. Тој им посака мир на семејствата на загинатите, а верниците ги повика да не ги оставаат и забораваат.

Првите проценки за катастрофалните поплави и одрони во Јабланица се проценуваат на околу 25 милиони евра, изјави градоначалникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ. Според истите наводи, оштетени се 200 објекти, од кои 49 се целосно уништени. Нанесени се огромни штети на јавните и стопанските објекти, како и на земјоделството.

Во оваа општина, која беше најтешко погодена од катастрофата, како и во Коњиц, се уште се работи на расчистување на патиштата и повторно снабдување со вода и струја.

Голем проблем е и отпадот што го има на хидроцентралата Грабовица. Како последица на поплавите и свлечиштата, таму се наталожени 50.000 кубни метри отпад.

Службите почнаа со отстранување, но ќе треба најмалку еден месец работа за целосно отстранување на отпадот. Електричните компании со седиште во Сараево и Мостар тврдат дека отпадот не претставува опасност за работата на хидроцентралите.

Босна и Херцеговина жртви Јабланица погреб поплави свлечишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.