Author: Marija Todorovska

Вашингтон: Вкупниот глобален јавен долг за прв пат оваа година ќе достигне 100 трилиони долари и може да се зголеми побрзо од предвиденото, бидејќи политиката фаворизира повеќе трошења и слабиот економски раст ги зголемува потребите и трошоците за задолжување, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Read More

Ненад Јовановиќ: На Еди Рама му се плаче што не ги продолжуваме преговорите со Европа. Нам овде ни се плаче што половина милион луѓе гласаа за антиевропскa, националистичкa и во основа расистичкa политикa. Тоа што огромен број на луѓе не го видоа тоа, навистина загрижува и плаши. Без разлика дали луѓето биле изманипулирани или не, легитимацијата власта ја има за да не го поддржи проектот Европа. Ги сменивме “комуњарите”, a прашањето само се поставува: Подобро е сега?!

Read More

Што се однесува до „љубовта“ меѓу Трамп и Путин, во книгата се открива дека тие двајца разговарале дури седум пати откако Трамп ја напушти Белата куќа во 2021 година. За контакти од овој тип, постојат строги протоколи. Но кога законите и протоколите биле проблем за Трамп!?

Read More

Невидливата шума од планктони што ги населува океаните се шири во подлабоките води поради климатските промени и би можела значително да влијае на целиот синџир на исхрана, се вели во студијата објавена во списанието „Климатски промени во природата“ предводена од Јоханес Вилјоен од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија.

Read More

Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Read More

Белград: Синдикатот за контрола на летање на Србија и Црна Гора (СМАТСА) денеска најави предупредувачки штрајк за сабота, 26 октомври од 17 до 18 часот, поради незадоволство од низата одлуки на раководството на компанијата, вклучувајќи го и одбивањето да се започнат преговори за склучување нов Колективен договор.

Read More

Во недела, на 27 октомври 2024 година, часовниците ќе се постават 1 час назад (од 3 часот по полноќ во 2) во поголемиот дел од Европа со завршувањето на летното сметање на времето (Daylight Saving Time – DST).

Read More

Новинарката Слободанка Јовановска која долги години беше известувач од Брисел во изјава за Фронтлајн вели дека не е проблем што Албанија почна преговори, а ние не.

Read More

Брисел: Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.  

Read More