Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот за контрола на летање на Србија и Црна Гора најави предупредувачки штрајк за 26 октомври

0
By Marija Todorovska on October 15, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 15, 2024 13:21

Белград: Синдикатот за контрола на летање на Србија и Црна Гора (СМАТСА) денеска најави предупредувачки штрајк за сабота, 26 октомври од 17 до 18 часот, поради незадоволство од низата одлуки на раководството на компанијата, вклучувајќи го и одбивањето да се започнат преговори за склучување нов Колективен договор.

Во Одлуката за отпочнување предупредувачки штрајк, стои дека вработените бараат почеток на преговори за склучување нов Колективен договор, како и почитување и спроведување на Финансискиот план на СМАТСА за 2024 година, со акцент на интерните прераспределба на планираните средства.

Исто така, потребно е да се зголеми основата на трошоците, односно приходот на СМАТСА од такси за рути во 2025 година за најмалку 12 проценти во споредба со оваа година.

Како што беше истакнато, најбројните синдикални организации во воздухопловниот сектор на Србија се обврзаа да обезбедат минимален работен процес за време на предупредувачкиот штрајк, што е утврден со Одлуката за минимален работен процес во СМАТСА.

Беше истакнато дека вработените во СМАТСА, вклучително и членовите на штрајкувачкиот одбор, не сакаат да штрајкуваат, но дека се принудени на тоа, „бидејќи раководството на СМАТСА ги турна во ќош, прво со законско насилство со кое биле незаконски исклучени од Колективниот договор, а потоа и поради низа неодговорни одлуки спротивни на интересите на СМАТСА и нејзините вработени, како и на интересите на Република Србија“.

-Ги повикуваме сите страни на дијалог во кој би постигнале решение во интерес на сите страни, ќе ја вратиме потребната стабилност во СМАТСА и на тој начин ќе спречиме воопшто да се случи предупредувачкиот штрајк, се наведува во соопштението.

Синдикатот за контрола на летање побара на почетокот на месецот Владата на Србија итно да реагира, бидејќи раководството на СМАТСА одби да започне преговори за склучување нов Колективен договор, а потоа, како што беше нагласено, незаконски ја продолжи важноста. на постојниот Колективен договор, кој бил истечен, без согласност и потпис на синдикатот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.