Author: Marija Todorovska
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти, во која насока гледа охрабрувачки сигнали од страна на Владата.
Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10 007 000 патници, што е намалување за 6.3 проценти во однос на истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Овогодишниот победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата , 17 годишниот Стефан Тренески дебитираше на Формула 4 натпреварот кој се одржа во Словачка на познатата патека Словакијаринг од 22 до 24.08 како дел од Формула 4 првенството за 2025 година во тимот на Јаник моторспорт.
Во фотографија што кружи на Фејсбук и проруски канали се тврди дека во Запорижја, на Денот на независноста, млади носат нацистичко знаме. Тврдењето е ЛАЖНО. Форензиката укажува на манипулација. Ова е само еден од огромниот број примери на манипулации што секојдневно се дистрибуираат преку медиумите и социјалните мрежи.
Скулпторот Озбек Ајваз вечер ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор.
Германија наскоро ќе ја укине повеќемесечната суспензија на приемот на ранливи авганистански граѓани, што вети дека ќе ја прими, објави денеска весникот „Велт“ (Welt) повикувајќи се на неименувани владини извори.
Осумдесет и двегодишен пешак од Кичево им подлегнал на повредите по сообраќајна несреќа што се случила вчера утро на булеварот „Ослободување“ во Кичево.
ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија, затоа што денес, од позиција на власт, јасно демонстрира дека има само една цел: целосно да ја зароби државата, особено правосудството. Под водство на оваа влада, политиката отворено се меша во Обвинителството, Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители, со класични политички сценарија за ставање на правдата под контрола, се наведува во соопштението од ДУИ.
Неколку цивилни аеродроми во Русија синоќа привремено ги редуцираа летови поради украинските напади со беспилотни летала во рускиот воздушен простор, соопшти Федералната воздухопловна управа „Росавијација“.
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи упати критика кон досегашните власти и повика на мобилизација на сите слободоумни луѓе кои го сакаат својот град.
