Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба „Гласот на минатото“ на скулпторот Озбек Ајваз

0
By Marija Todorovska on August 26, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 26, 2025 12:00

Скулпторот Озбек Ајваз вечер ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор.

Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува културата на внимателно информирање, која денес сè повеќе исчезнува под притисок на онлајн медиумите, социјалните мрежи и инстант информациите, велат организаторите.

„Гласот на минатото“ не само што нè враќа во еден поинаков медиумски контекст, туку и предупредува за ризиците од брзината на современото информирање – полувистини, лажни вести и дезинформации што често се шират без проверка.

Проектот е финасиски поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар

Озбек Ајваз е роден во 1999 година во Скопје, РСМ. Во 2021 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на отсек вајарство со модул сценографија, под менторство на проф. м-р Жарко Башески и проф. м-р Беди Ибрахим. Моментално е на магистерски студии на истиот факултет, отсек вајарство, под менторство на проф. м-р Жарко Башески.

Неговото творештво се карактеризира со скулптури изработени претежно од рециклирано железо, во апстрактни и геометриски форми, под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан и Џулио Гонзалес.

Во 2023 година, во Паркот на франкофонијата, ја реализира својата прва самостојна изложба „Мрак“. Во периодот од 2019 до 2025 година учествува на повеќе групни изложби, симпозиуми и ликовни колонии во Македонија, Турција, Косово и Црна Гора. Добитник е на наградата за надежен млад уметник (Истанбул, 2021) и на наградата „Шампион на мирот“ (Regional Youth Cooperation Office – RYCO, 2024), финансирано од Германското федерално министерство за надворешни работи. Од 2023 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

изложба Озбек Ајваз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.