Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marija Todorovska
Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, додека одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, осудени на доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, најавија жалби за осудителната пресуда. Обвинителството смета дека постојат докази за вината на Ѓорчевски, а за адвокатите на дел од осудените пресудата е донесена без докази. Според обвинителката Жаклина Трајковска, изречените доживотни казни затвор за обвинетите се доказ дека правдата сепак излегува на површина. Изречените доживотни казни затвор за обвинетите се доказ дека ниту еден сторител не може да остане не откриен за сторување на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“, ќе се отвори во петок во 20 часот во Центар Јадро Скопје, се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ, иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, родовите и интердисциплинарните слоеви на современото, постмодерно општество.
По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска.
Со почетокот на летната сезона, повторно се актуелизираат правилата за внес на храна и други производи при влез во Грција. Според важечките прописи, строго е забрането носење месо, млеко и производи што ги содржат. Дозволени се фабрички пакувани намирници без месо и млеко – до 10 кг по патник.
Се чини дека вистината дојде брзо. Побрзо отколку што било кој (од политичката сцена) посакуваше. А, кога доаѓа вистината манипулациите и заблудите се рушат како кула од карти. Вистината е една, уставните измени и идентитетот никогаш не биле проблем. А, што е тогаш проблемот, за кои беа потребни три години, манипулации и дезинформации, предизборна и изборна заблуда? Дали проблемот е – да има проблем кој никогаш не смее да се реши?
Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе ги повлече американските сили од Европа како дел од неговата политика „Америка на прво место“. Тоа би имало огромни стратешки последици и веројатно би наишло на значителен домашен отпор. Не е јасно дали Трамп е подготвен да ја плати политичката цена.
Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение.
Венко Филипче: Откако сфатија дека незадоволството расте и граѓаните се чувствуваат измамени, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека најдоброто допрва ќе дојдело. По четири години локална власт и една централна, ВМРО-ДПМНЕ порачува: не гледајте што правевме досега, туку гледајте кон иднината. Но јас имам една порака до Мицкоски – денот по утрото се познава. А утрото кое требаше да донесе надеж, гордост и перспектива, донесе само понижувања, негрижа, ароганција и своеволие. Додека Мицкоски држи прес-конференции за „успеси“ што никој не ги видел, земјоделците се оставени без денар поддршка, економијата е заглавена во место, со негативен раст. Нема поврат на ДДВ за фирмите,…
Овој нацрт-закон повеќе личи на политички акт за избегнување на реална одговорност и за одржување на статус кво во администрацијата. Без силни обврзувачки механизми и санкции, правичната застапеност останува празна битка.
Секоја година, со почетокот на летната сезона, во медиумите се појавуваат информации за одземање храна на граничните премини кон Грција. Тогаш во фокус доаѓа и прашањето колку цигари е дозволено да се пренесат преку граница, па се споменуваат бројки и до 2-3 кутии по лице, што не е точно.
Секој Б-2 чини повеќе од 2 милијарди долари и првично бил изграден за време на Студената војна за носење нуклеарно оружје.