Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Eдинствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор e „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“

0
By Marija Todorovska on August 22, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 22, 2025 12:08

„Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската „Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобренија за нов мрежен оператор.

Комисијата за спроведување на тендерот денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи. Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку е се во ред со документацијата, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес.

Три заинтересирани  страни подигнаа тендерска документација, но официјално доставена е само  понуда од еден понудувач. Сите документи од понудувачот се доставени. Ќе се продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај  до директорот на АЕК, со предлог што да се направи како следен чекор, рече Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата.

Бидејќи има само еден понудувач, појасни, нема да се оди со чекорот  јавно наддавање.  Тука би требало да заврши процесот и доколку е се во ред би требало да се донесе позитивна одлука за влез на пазарот.

Треба да се има предвид известувањето од ДКСК дека во периодот до завршување на изборите не смее да се отуѓува државен капитал. Бидејќи радиофреквенциите се државен ресурс со кој управува државата и во случајот ќе се отуѓат,  финалната одлука доколку е се во ред ќе се донесе по завршување на изборите, укажа Бојаџиев.

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.

Бране Ѓуровиќ, извршен директор на ОНЕ Македонија, изјави дека учеството на тендерот е потврда на нивната претходно искажана намера за влез на македонскиот пазар и во регионот.

Доставивме понуда на тендерот, останува да помине временскиот период во кој  регулаторната агенција ќе утврди дали сите документи се согласно законот. Според  условите на тендерот почетокот на сервисот е до крајот на 2026 година, така што по носењето на официјалната одлука од страна на АЕК ќе почнеме со официјален процес на воспоставување нова мобилна мрежа во Македонија. Најдоца до крај на 2026 година мора да почнеме операција во најмалку еден град во Македонија, може да биде и порано, но тоа е краен рок кој го користиме како ориентација за нашите плански активности, изјави  Ѓуровиќ.

Со тендерот АЕК доделува одобренија А1 за радиофреквенциски опсег 703-713/758-768 MHz (2×10 MHz), Б1  за радиофреквенциски опсег 1775-1785/1870-1880 MHz (2×10 MHz) и C1 за радиофреквенциски опсег 3.5-3.6 GHz (1×100 MHz). Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите како еднократен надомест за А1 изнесува 4.200.000 евра, за В1 е 1.500.000 евра, а за С1 е 2.320.000 евра. Доколку има позитивна одлука за понудата на ОНЕ Македонија телекомуникации, компанијата во рок од 10 дена треба да ја уплати разликата помеѓу понудената цена на еднократниот надоместок за одобрението и уплатениот депозит на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија во денарска противвредност по среден курс на Народна банка.

Унгарската компанија на 12 декември лани поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изрази интерес за трет мобилен оператор. АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање, на која писмa за искажување интерес покрај ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, доставија и Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и  е& ппф Телеком Груп Б. В. Бидејќи имаше повеќе од еден заинтересиран за истите радиофреквенции и согласно законот требаше да се продолжи со постапка со јавен тендер со јавно нададавање. Откако АЕК доби согласност од Владата за утврдување на најниската висина на еднократниот надомест  и начинот на плаќање донесе одлука за распишување трендер, а вчера беше последен ден за доставување на понудите. Тендерска документација подигнаа три заинтерсирани страни, но официјално доставена е понуда од еден понудувач, што според Комисијата е причина постапката да продлжи без јавно наддавање.

 

АЕК телекокомуникации тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.