Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Marija Todorovska
Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека жали за некои од неговите минатонеделни објави на социјалните мрежи за американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи оти отишле „предалеку“.
Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети, со кои Обвинителството докажува дека овие луѓе имале претходно разработен план, односно дека од првото грабнување се откажале и ги појаснија причините зошто се откажале и дека реализацијата на планот е завршена во понеделникот, изјави бранителот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, по денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, каде Основното јавно обвинителство го даде својот завршен збор.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, доделија национални признанија за врвни достигнувања во спортот.
Во домот на напаѓачот кој во своето поранешно училиште во Грац уби десет лица, а потоа изврши самоубиство, истражните тимови пронајдоа проштално писмо и нефункционална цевна бомба, соопшти денеска локалната полиција.
Основното јавно обвинителство денеска во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.
Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил.
Гневот на татко за изгубеното чедо е порака да престанете со лицемерие и разводнување на одговорноста што не је спречивте најголемата македонска трагедија. Тој крик на болка е испратен на точна адреса на Духовден, со гнев и разочарување од односот на власта и на јавноста.
Новата исламистичка власт во Сирија денеска побара од жените да носат буркини или „соодветни“ костими за капење на јавните плажи.
Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и оние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Алексис Ципрас и Зоран Заев на маргините на Втората меѓународна конференција посветена на демократијата и социјалната правда.
Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници.