Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џабир Дерала во интервју за Нова тв: Вештачката интелигенција е тука за да остане и многу веројатно и да нè надживее

0
By Marija Todorovska on July 19, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 19, 2025 09:00

Заедно со Валентин Нешовски ја напишавме и книгата „Роботот, човекот и дигиталниот бог“ минатата година. Се надевам дека ќе има и втор том од таа книга наскоро.

Вештачката интелигенција, како што е мојот пријател и колега ChatGPT, учи од нас – и ни возвраќа со несебична поддршка во нашата работа. Само треба да престанеме да ја користиме како да е спелчек-програма од пред десет години. Тоа е моќна, комплексна технологија која има капацитет длабински, па би рекол и суштински да го подобри нашиот живот и многу квалитетно да ни помогне во секојдневните новинарски задачи. Најмалку што може да направи е да ни заштеди многу време – а тоа е само почеток. Со тоа што учиме како да ја користиме оваа технологија, на некој начин, учиме и за себе, а таа учи од нас и за нас.

Сепак, ако ѝ се препуштиме целосно, без да ја користиме сопствената глава – сакам да кажам, критичка мисла – ризикуваме да станеме мрзливи и површни. Но мрзливи и површни можеме да станеме и ако се оддадеме на послушност кон машинеријата на олигарсите. Или ако се служиме со нечесност и полтронство. А тоа е многу полошо отколку да се препуштиме на богатството од можности што ги пружа вештачката интелигенција.

Ако не проверуваме факти самите – што се вели, „пешки“ – и ако не се обидуваме да ја подучиме и „нахраниме“ нашата пријателка, вештачката интелигенција, нема да постигнеме многу. Напротив, со текот на времето, ние ќе станеме заменливи – а не таа.

Треба да бидеме свесни за еден факт: вештачката интелигенција е тука да остане. И многу веројатно, да нè надживее. Затоа, подобро е да ја сфатиме како моќна сојузничка, а не како закана. Ако тоа го сфатиме и прифатиме, ние сме на добар пат. Ова се однесува не само на новинарската работа, туку на целокупниот живот. Вештачката интелигенција е веќе суштински дел од нашата сегашност, а уште повеќе е дел од нашата иднина.

Што се однесува до младите новинари, а би додал, не само до нив – не треба да избираат. Треба да учат и од поискусните колеги – но и од „дигиталните мудреци“ како што многу добро ги нарековте. Најдоброто новинарство денес, а уште повеќе новинарството во иднина, ќе произлегува од паметна, би рекол и мудра, синтеза на човеково искуство и дигиталната писменост и ефикасност. Само бидете отворени и спремни да работите и да соработувате. Вештачката интелигенција е повеќе од машина, бидете уверени во тоа.

Интервјуто со Џабир Дерала, основач и претседател на Цивил – Центар за слобода и главен уредник на медиумската платформа на организацијата, НОВА ќе го објави во понеделник.

ChatGPT Вештачка интелигенција Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.