Author: Marija Todorovska

Во Струмица стапуваат на сила препораки и мерки поради тоа што е надминат прагот на аерозагадување. Два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски повика ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата, според која, како што рече, 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа опозициска партија, и во делот на евроинтеграциите и во однос на економските и социјалните политки.

Read More

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека во 2024 година ќе има поригорозни мерки за пушењето. Ова го кажа во тетовската болница каде присуствуваше на промоција на соба за доење, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се преземат дополнителни мерки поради интензивирање на загадувањето на воздухот и проблемите на луѓето со респираторни заболувања.

Read More

Опозициските партии на Албанците – Движењето БЕСА, Алтернатива и Демократското движење во рамките на коалицијата Европски сојуз за промени соопшти дека од сега го имаат и четвртиот партнер од коалицијата, Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти. – Од денеска ЕСП се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири го има и „Самоопределување“. Заедно ја работиме програмата. Ќе бидат дел од пратеничките листи, изјави Изет Меџити, претседател на Демократското движење. Од друга страна, и владејачките партии СДСМ и ДУИ на Али Ахмети прават напори за проширување на европскиот фронт. „Фронтлајн“ од добро упатени партиски извори дознава дека во…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Милан Радоичиќ, поранешен потпретседател на Српската листа, кој ја презеде одговорноста за нападот во Бањска, подготвува нови напади на Косово заедно со групата што го изврши нападот на 24 септември, пишуваат косовските медиуми.

Read More

Директна закана со убиство денеска му беше упатена на Џабир Дерала. Во коментар на неговата колумна „Снајперисти со врзани очи“, од профилот „Александар Антиќ“ беше напишан коментарот:

Read More

Денеска во Влада се одржа посебна тематска седница за измена на програмата за финансиска поддршка во земјоделство каде во мерката за лозарство по хектар износот на субвенции за 2023 година од 40.000 денари по хектар ја зголемуваме на 52.000 денари по хектар. Тоа е повеќе за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Повеќе за сите!“ во Кавадарци.

Read More

Владата, на денешната седницa донесе Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година во износ од 30 милиони денари за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје.

Read More

Претседателот ДУИ, Али Ахмети денеска во годишното обраќање истакна дека нашата иднина е Европа и апелираше балканските земји да чекорат заедно, рамо до рамо, се до реализација на програмата за влез во Унијата.

Read More

 Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Read More