Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата според која 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа партија

0
By Marija Todorovska on December 25, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 25, 2023 14:15

Премиерот Димитар Ковачевски повика ВМРО-ДПМНЕ да ја објави анкетата, според која, како што рече, 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира оваа опозициска партија, и во делот на евроинтеграциите и во однос на економските и социјалните политки.

Ковачевски не е изненаден од анкетата пред два дена која покажува намален рејтинг на СДСМ во однос на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Дури, како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања, бил убеден и дека ќе биде објавена.

-Пред два дена видов една анкета, а ја видоа и граѓаните. Таа е што редовно излегува од аналитички центри блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Убеден бев дека ќе има таква анкета, а убедувањето го базирав на следното: гледате дека во моментов најактивна политичка партија во државата е СДСМ. Имаме голем број трибини во изминатите две недели на кои ги промовираме сите економски постигнувања направени во изминатите години и тие се базирани на факти: зголемени пензии, плати, намален број на невработени на 13 проценти од 24 отсто, зголемен број на вработени само годинава за 10 000, инвестиции на највисоко ниво, капитални инвестиции на највисоки ниво од независноста на државата. Тоа се се факти кои требаше да се споделат со граѓаните. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ не беше пристуна зашто немаат со што да парираат и веројатно затоа мораа да излезат со некаква анкета на која ќе можат да имаат нешто за дисксуија. Но нека ја објави ВМРО-ДПМНЕ анкетата во која 78 отсто од испитаниците не можат да препознаат каква политика промовира ВМРО-ДПМНЕ во земјава, и во делот на евроинтеграциите и во однос на екононмските и социјалните политки. Нека излезат со тој податок, знам дека го имаат, но не смеат да го објават, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и Ресен.

СДСМ, напомена премиерот, има далеку поголем рејтинг и тоа ќе се потврди на претстојните избори, како што се потврдувало на изборите претходно.

-Никогаш не се мешам во работата на агенциите, тие си работат по свои методологии, но имаше такви анкети, посебно пред изборите, вонредни и локално, и во Тетово и во Маворово – Ростуше. Тие, исто така, предвидуваа такви резултати, но на крај СДСМ и коалицијата победија со разлика како никогаш досега. Такви анкети имаше и на изборите во 2020 година, па СДСМ и коалицијата ја извојуваа победата, исто ќе биде и во 2024 година, истакна Ковачевски.

анкета Димитар Ковачевски избори рејтинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.