Author: Marija Todorovska
Македонската репрезентација запиша значаен успех на Европското првенство во е-спорт 2025, кое се одржа од 9 до 13 јули во Приштина, Косово, со учество на 24 национални тимови во трите дисциплини: Dota 2, Counter-Strike 2 Open и Counter-Strike 2 Women, информираа од Македонската е-спорт федерација.
Дуња Иванова, дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија избрана од селекторот Емил Цветанов, оваа недела се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински Маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина.
Еврото утринава падна, додека доларот оствари мал раст откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 30% на увозот од двајца од најголемите трговски партнери на САД почнувајќи од 1 август.
Комитетот за внатрешна безбедност и владини работи на американскиот Сенат заклучи дека обидот за атентат врз Доналд Трамп, што беше изведне на митинг пред една година, бил предизвикан од „неприфатливи пропусит“ на Тајната служба (USSS).
Биткоинот за првпат надмина 120.000 долари, што претставува важна пресвртница за најголемата криптовалута во светот, бидејќи инвеститорите се потпираат на долгоочекуваните политички потези во корист на индустријата што се очекуваат оваа недела.
Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 30 отсто на увозот од Европската унија, кои ќе стапат во сила од 1 август.
Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки претпазливост.
Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Во два одделни случаи лишени од слобода се малолетник, кој палел оган и горел кабли, и скопјанец, кај кого биле пронајдени запалени кабли.
Луксембург: Миграциите во Европската Унија минатата година доведоа до рекорден број од 450,4 милиони жители, надоместувајќи го природниот пад четврта година по ред, покажаа податоците што денеска ги објави Евростат.
