Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистината за Кочани: Зошто Мицкоски го штити Началникот Томо Донев?

0
By Marija Todorovska on June 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 4, 2025 14:34

Прес конференција на Мартин Костовски од СДСМ:

Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени?
Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски?
Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани?
 Дали се плаши дека доколку обвинителството постапи соогласно закон, истрагата за пожарот ќе доведе до него?
Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани?
Дали и Донев како и останатите  полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?
Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член  на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?
Како е можно и покрај сите информации кои ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи кој е надлежен над сите инспектори во Кочани да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?
Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали?
Токму Томо Донев е по херархија надреден над Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани кој морал по Закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.
Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката Пулс на кои  се гледа нелегално се користи пирхотеника никој да не направи надзор и контрола дали оние кои управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со истата?
Дали партијата е пред правдата?
Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?
До кога обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери?
СДСМ нема да запре со име и презиме да ги именува оние кои ја завија Македонија во црно. Правда за Кочани мора да има. СДСМ  продолжува со серијата на прес-конференции насловени „Вистината за Кочани“.
Кочани Мартин Костовски Мицкоски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.