Author: Marija Todorovska
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) денеска соопшти дека е многу загрижена поради последиците од сушата во Етиопија и побара дополнителни средства за справување со ситуацијата во земјата, пренесува Би-Би-Си.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека нема воено решение за Хамас и дека израелските лидери мора да прифатат дека историјата ќе се повтори, објави Ен-Би-Си (NBC), цитирајќи анонимни американски функционери.
Поради случајот со притворениот градоначалник на албанскиот град Химара Фреди Белерис, Грција блокирала одбранбен договор меѓу Албанија и Европската Унија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Зеленски ги повика своите сонародници да ја преземат иницијативата во војната со Русија во свои раце
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сонародници да преземат иницијатива во свои раце за да го решат текот на војната со Русија, која трае речиси 23 месеци, и да обезбедат поддршка ширум светот.
Во последното деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи имало вкупно 1.792 повици. Од нив „реални“ повици биле 38,06 отсто, а 61,94 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија.
Дали во Кремљ паметат колку пати САД ги спасувале од глад во последните 120 години? Историските факти се туркаат настрана, па дури и се уништуваат доказите за тоа. Напротив, се покажува само сликата за „рускиот свет“ во која нема место за вистината.
Досега променети се околу 1 210 000 патни исправи, повеќе од 1 100 000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи и по 12 февруари. Од друга страна пак, министерот за надворешни работи, Бујар Османи порачува наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење.
Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ по повод Денот на Соборноста на Украина организира свечен марш во центарот на Скопје, во сабота, на 20 јануари, од 10:30 до 13:00 часот. Маршот ќе се одвива од споменикот Александар Македонски на плоштадот Македонија па се до споменикот на Тарас Шевченко во паркот Жена Борец.
БОРКО ЗАФИРОВСКИ / Цивил Медиа Минатата година во ноември, логично се очекуваше усвојување на уставните измени, што ќе значеше почеток на втората меѓувладина средба на Република Северна Македонија и Европската унија.
Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија
„Камбаната“ која ги повикува пратениците да ја поминат комисиската расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик е секојдевна и гласна, ама ВМРО-ДПМНЕ пет пари не дава за македонскиот јазик