Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досега променети околу 1 210 000 патни исправи, процесот продолжува и по 12 февруари

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ
Фото: pravdiko.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 09:19

Досега променети се околу 1 210 000 патни исправи, повеќе од 1 100 000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи и по 12 февруари. Од друга страна пак, министерот за надворешни работи, Бујар Османи порачува наместо да се концентрираме на давање лажна надеж за пролонгирање на рокот за документи, да се фокусираме на нивното вадење.

Министерот Спасовски вчера информираше дека досега променети се околу 1 210 000 патни исправи, повеќе од 1 100 000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи, посочувајќи дека издавањето лични карти продолжува и по 12 февруари.

Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека тестот за коронавирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епид

–  Да не се креира слика во јавноста дека по 12-ти нема да дојде до промена на документите. Владата не донесе одлука зашто Законот за лични карти не е променет и тој е во важност и од самиот почеток до денес беше јасно дека нема да има промена на личните документи. Неколку пати кажавме дека личните карти ќе важат и по 12 февруари, не заради тоа што се во домашна употреба, туку заради тоа што не го сменивме Законот за личните карти во кој се остава рок за важење на личните карти, рече министерот, додавајќи дека согласно проценките, нема голем број лица кои побаруваат документи, а се работи со зголемена динамика и процесот така ќе продолжи, изјави Спасовски во гостувањето на ТВ21.

Коментирајќи ја изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски, Спасовски рече дека сега е време на избори и секој цени дека треба да даде соодветни изјави и дека тој не би навлегувал во никакви конфронтации.

-Роковите не се утврдуваат на Влада, туку со закон. Самиот факт што го изнесе и претседателот, дека има потреба да се промени Законот за лични карти за да се продолжи рокот, апсолутно не е така, бидејќи Законот не бил воопшто никогаш сменет за да може да се продолжува рокот. Мислам дека не треба да бидеме под наплив на некакви емоции во овој момент кои ќе придонесат да се креира дополнителен проблем, рече Спасовски.

Тој лично, како што напомена во гостувањето на ТВ 21, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот.

-Ако Собранието одлучи дека тоа треба да се направи, треба да се направи, но во исто време треба да им се каже на граѓаните дека обврската е преземена од Преспанскиот договор кој по 12 февруари ќе даде друга димензија, истакна Спасовски.

Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, обврските од меѓународниот договор остануваат, посочувајќи дека грчката страна, треба да ја информира ЕУ дека стапува во сила рокот и после тоа сите држави коишто ќе ја примат таа информација, ќе почнат да ја почитуваат.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Затоа дајте во овој период наместо иницијативи за одложување, да имаме иницијативи за промена на документите, на 12-ти тоа што ќе остане нерешено, да најдеме начин како да им олесниме на граѓаните. Се обидувам да бидам брутално искрен, меѓутоа покоректно е да сум сега искрен отколку после тоа граѓаните да останат на граничните премини и на некој начин ние да сме причина за тоа, рече Османи.

Османи вели дека е исконтактирано со грчката страна околу важноста на личните документи кои треба да се заменат до 12 февруари но, апелира наместо иницијативи за одложување за користење на политички поени, фокусот да се стави на вадењето документи.

– Договорот од Преспа е меѓународен договор. Мислам дека наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж на граѓаните дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор и ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани, да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари, да се забрза издавањето пасоши, да почнат налепниците да се лепат на регистарските таблички. Мислам дека ова е поздраво да им се каже на граѓаните дека ова е обврска што се провлекува пет години и да се обидеме до 13 февруари максимално да ги средиме документите на граѓаните. Така што, сметам дека овој пристап е поздрав отколку сега добивање политички поени за нешто што нема да можеме да го направиме, ниту оваа претставка до Уставен суд нема да може да го смени Преспанскиот договор, ниту кои било измени на законите, рече Османи.

Соопшти дека имал средба со грчката амбасадорка и меѓуинституционална координација со министерствата за внатрешни работи и за транспорт за да се разгледаат сите предизвици што може да се јават по 12 февруари со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.

– Се договоривме да бидеме во секојдневна комуникација со грчката страна за да граѓаните не се соочат со проблеми после 13 февруари во однос на транспортерите, во однос на сообраќајните дозволи, во однос на пасошите. За личните карти МВР информираше дека законот заглавил во Собранието. Тие рокови не се пресликани во Законот за лични карти и затоа личните карти може за се користат за домашна употреба, меѓутоа за патните исправи и за останатите документи и во Уставниот закон и во останатите законски решенија, рокот е пет години од стапување во сила, а тоа е 13 февруари, појасни Османи.

 

 

Бујар Османи лични карти Оливер Спасовски пасоши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.