Author: Marija Todorovska
– На декемвриското заседание на Европскиот совет ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат дел од нашата Унија, но за тоа како во пракса ќе функционира таа Унијата од над 30 земји. одговорот можеме да го дадеме само ние што сме внатре во ЕУ, порача денеска претседателката на Европската комисија во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.
Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ денеска на седница закажана за 13:30 часот треба да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, потврдија од службата за информирање во М-НАВ.
Тим од ДЗС – Битола вчера во 12:40 часот безбедно отстранил неексплодирана артилериска граната, калибар 75 mm, од Првата Светска Војна, лоцирана во атарот на село Добромири, информираат од Регионалниот ЦУК Битола.
Во 2023 година, медиумската платформа на ЦИВИЛ објави повеќе од 100 интервјуа. Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ говореа повеќе од 80 соговорнички и соговорници. Дел од нив беа ексклузивни, не само за македонскиот медиумски простор, туку и во рамките на Балканот, па и пошироко. За ЦИВИЛ говореа високи државни и владини претставници, генерали, експерти, политичари, новинари, лидери во граѓанското општество – од земјава, регионот и светот.
Неколку невладини организации за заштита на правата за жените ги обвинија Германија, Франција и Холандија за блокирање на утврдувањето на единствена европска дефиниција за силувањето во новата законска регулатива на ЕУ за борба против насилството врз жените.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува Собранието брзо да ги донесе новите закони за средно образование и за стручно образование и обука кои вчера, на иницијатива на МОН; беа усвоени на седница на Владата.
Додека партизираноста е до небо, една колешка би рекла дека конечно и „Државата е приземјена“. Партитократијата одамна е супститут за демократијата, бидејќи со државата сите овие триесет и две години владеат партиските кланови. Нападот е за голема осуда, но не е многу изненадувачки, како што тоа се обидуваат да го прикажуваат и неколку (божем) поддржувачи на СДСМ.
Најмалку 16 лица се ранети во синоќешниот руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, на североисток во близина на границата со Русија, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.
ВОЈО МАНЕВСКИ Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА
Судскиот совет денеска на седница треба да расправа и да одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.
РИБАРО Откако вевчанци и други граѓани реагираа на нападите од црковните великодостојници, кои се нафрилија со остри осуди за дел од маските што се претставија на овогодинешниот Вевчански карневал, Синодот на МПЦ, како што дознава АХА, на таен собор одржан во Бигорски манастир, решил да се извини, да ги послуша верниците и конечно, како што посочиле „црквата еднаш засекогаш да се доближи до народот“.
На 3 јануари 2024 г., порталот „Република“ објави текст со наслов „Eксперт за шарени револуции споредува: Taктиката од Киев се употребува во Белград“.