Author: Marija Todorovska

Екстремен говор на омраза, лавина гнасни коментари, ситење, обид за политичко профитирање по несреќниот случај во кој животот го загуби 19 годишниот син на поранешниот пратеник, Крсто Мукоски.

Read More

Јазот меѓу мал број најбогати луѓе во светот и огромното мнозинство од сиромашните брзо се продлабочи од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а светот влегува во деценија на зголемени разлики во распределбата на богатството, соопшти денеска организацијата Оксфам, во својата годишна анализа за глобалната нееднаквост.

Read More

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Read More

Пишува: ТИНА ИВАНОВА / ФРОНТЛАЈН Во последниве два-три месеци, случајно или не, името на Леонард Бернштајн кружеше околу моите мисли, ама имаше за тоа и неколку конкретни поводи. Една од идеите на група луѓе за подготовка на мултимедијален концерт, беше да го реализираме епскиот мјузикл „Приказна од Западната Страна“ на „скопски“ начин, што веројатно и ќе се случи наскоро. Оваа своевидна популаризација на делото на Бернштајн кое ја модернизира Шекспировата „Ромео и Јулија“ е генијален приказ на американските Бродвеј спектакли, ама и само по себе, од музичка гледна точка, сруши, во позитивна смисла на зборот, повеќе традиционални концепти на компонирање, што е…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека во тек е имплементацијата на мерките од деветиот пакет на антикризни мерки, а на 23 јануари ќе бидат исплатени и вториот дел од финансиската поддршка и тие ќе се исплаќаат до април.

Read More

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир преку својот профил на мрежата Икс, упати благодарност до македонското МНР и Државниот секретар Филип Тосевски за поддршката на македонската делагација за Формулата за мир на 4-от состанок на советници за национална безбедност и надворешна политика, одржан на  14 јануари во Давос.

Read More

Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска информираше дека е извршен надзорот во М-НАВ согласно владината одлука, а со оглед на тоа што станува збор за пообемен надзор, најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела. Таа испрати апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата, да ги утврдат сите факти и докази за да не се појават понатамошни шпекулации во јавноста.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Виена, Австрија се сретнал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. На средбата, соопштија од владината прес-служба, било поздравено успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со што државата уште еднаш ја покажа посветеноста кон мултилатерализмот.

Read More

ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и дволични, а веројатно се и уникатен случај во историјата на демократијата кој понудиле министри во некоја Влада, а не гласале односно биле воздржани за таа влада, рече, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

Read More

Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи.

Read More

Надлежното Јавно обвинителство мора да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ.

Read More

За време на состанокот во Давос во неделата, советниците за национална безбедност и политички прашања на светските лидери се осврнаа на петте преостанати точки од Формулата за мир, изнесени од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и одржаа две специјални сесии, соопшти прес-службата на украинскиот претседател.

Read More