Author: Marija Todorovska

Турција, Бугарија и Романија, трите членки на НАТО со излез на Црното Море, денеска потпишаа Договор за борба против заканата од пловечки мини. Иницијативата, потпишана во Истанбул, треба да обезбеди безбедност на пловидбата, вклучувајќи ги и бродовите за извоз на украинско жито.

Read More

Со или без деташирани свештеници од Москва, Руската православна црква, експонент на путиновската агресивна политика, си има свои „почесни конзули“ во МПЦ. И тоа дури тројца владици, кои со избеганиот Палчевски правеле внатрешни интриги против другите членови на Светиот синод. Ако е нешто утешно, екстрадицијата на Палчевски може појасно да ја осветли неговата улога во „руска куќа“ во Македонија, па и во однос на сите нејзини жители.

Read More

Министерството за надворешни работи (МНР), излезе со предлог за измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување на овие мерки.

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и студентите кои што беа примени на Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата дефинирани како критични специјалности, денеска во Министерството за одбрана потпишаа договори за стипендирање.

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на извидниците кои беа дел од тимот кој ја спроведуваше глобалната иницијатива „Walk and Talk“ во нашата држава. Иницијативата беше спроведена од страна на МТСП во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи.

Read More

Доколку АД ЕСМ им продаваше на граѓаните електрична енергија по пазарна цена тогаш ќе имаше добивка од 220 милиони, а не загуба од шест милиони евра, но граѓаните немаше да можат да ги платат своите сметки за електрична енергија бидејќи ќе беа за 90 проценти поскапи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Read More

Актите на отпор доаѓаат во многу облици и големини. Од жолто-сина лента врзана за дрво или украинското знаме подигнато на оддалечена планинска страна, до брза дојава за шифрирана апликација што започнува низа настани што кулминираат со уништување на воен брод, сè е подеднакво важно во борбата за ослободување на окупираните делови на Украина.

Read More

На прашањето „Дали на Скопје му требаат уште споменици дивоградби, или пак модерни згради?“ – дел од граѓаните за анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, велат дека на Скопје не му требаат ниту уште споменици, ниту модерни згради. Според нив доволно се и властите треба да се насочат кон повеќе зеленило и  игралишта за деца.

Read More

Полициски службеници вчера го уапсиле Ф.Д.(30) од Кичево, кој се сомничи дека на 18 декември 2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која по 22-дневно лекување од повредите, починала вчера во Клиничкиот центар во Скопје.

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување на инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.

Read More