Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска ги потпиша договорите со првата генерација стипендисти на Министерството за одбрана: веруваме во младите луѓе, им отвараме можности на најдобрите

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2024 14:40

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и студентите кои што беа примени на Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата дефинирани како критични специјалности, денеска во Министерството за одбрана потпишаа договори за стипендирање.

„Веруваме во младите луѓе кои се мотивирани и можат да бидат додадена вредност за одбраната и за Армијата. Ги мотивираме и им отвараме нови можности за личен и професионален развој. Денеска потпишавме вкупно седум договори за стипендирање и тоа  со двајца студенти кои се едуцираат во областа на географско – информациони системи, тројца на медицина и по еден на компјутерска технологија и на енергетика и екологија “, рече Петровска и додаде дека , стипендирањето е во висина на процент од просечната плата во државата, и изнесува од 30 проценти за студенти од прва година, до 80 проценти за студентите од шеста година на студии.

Министерката потенцира дека по завршувањето на студиите овие лица ќе бидат вработени во Армијата и ќе бидат дел од одбранбениот систем,  да работат со најсовремена опрема и услови, да ги усовршат своите знаења и да ги искористат во развојот на македонската Армија и одбраната.

По потпишувањето на договорите со седумте студенти министерката Петровска порача дека министерството направи вистински чекори за пополнување на Армијата со кадар кој е суштински потребен, а притоа го помага и развојот на млади кадри.

„Министерството, предизвикот со пополнување со лица од критични специјалности во Армијата го решава системски. Основ за објавата на овој оглас ни беше Законот за служба во Армијата, но исто така ќе нагласам дека и со донесување на Законот за вработените во Министерството за одбрана, кој веќе е во собраниска процедура ќе се овозможи стипендирање и вработување на лица за извршување на критични специјалности и во Министерството “, истакна министерката.

Петровска нагласи дека континуитетот за стипендирање и пополување на кадар во  Армијата и министерството со лица од критични специјалности ќе продолжи со една единствен цел цел да ги привлечеме најдобрите.

Студентите се заблагодарија за добиената можност и поддршка во нивното образование од страна на министерството за одбрана  и Армијата.

Дијана Кока Џемаили студентка на медицина истакна дека  оваа поддршка во студирањето, која што им ја додели министерството и министерката за одбрана, се од голема помош за да ги исполнат личните животни цели.

“Од мала возраст воената служба и медицината беа мој сон и секако дека секоја силна држава треба да вложува во здравството, што е моја област и одбраната во државата. Од секогаш сакав да останам во својата земја и се надевам дека следниот конкурс повеќе студенти ќе се одлучат да аплицираат и ќе бидат истрајни во остварувањето на својата цел во својата држава. Јас на пример добив стипендија за студирање во Германија и ја одбив и сега сум многу горда на себе и сакам да си останам во својата држава“ истакна Дијана.

„Огромна чест ми е да сум дел од оваа институција и верувам дека и понатака ќе можам во мојата област да и придонесувам на мојата држава и на нашата Армија, во напредување на нашата сајбер безбедност и другите области од информатичките технологии. Оваа стипендија мене ми служи како поттик во моето унапредување како личност и подобро да го следам развојот на информатичките технологии“, рече Јован Иванов, студент на комјутерска техника и информатика.

Димитар Тануровски, студент на медицина упати апел до своите колеги „Би сакал да ги охрабрам и колегите на следниот конкурс да аплицираат, ова претставува прекрасна можност, се разбира на секој треба да му биде чест да може да и служи на нашата татковина“.

Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата на Република Северна Македонија беше објавен на почетокот на месец ноември. На конкурсот се пријавија 11 студенти, после извршена селекцијата и физичките и лекарски прегледи, избрани се седум студенти кои се едуцираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ и Универзитет Американ Колеџ. Следниот Конкурс за стипендирање на студенти ќе биде објавен по завршување на изборите.

Славјанка Петровска стипендии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.