Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Валенсија – Европска зелена престолнина за 2024 година

0
By Marija Todorovska on January 11, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 11, 2024 14:58

Шпанскиот град Валенсија денеска официјално станува европска зелена престолнина за 2024 година, преземајќи ја оваа титула од минатогодишниот носител, естонскиот главен град Талин.

На церемонијата на преземањето на титулата, заменик градоначалникот на Талин, Тит Терик формално на градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала ќе и ја предаде европската „Зелена книга“.

По повод примопредавањето на титулата, еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Вирџинијус Синкевичиус изјави дека Валенсија станува европска зелена престолнина благодарение на нејзината амбициозна стратегија за одржливост и користењето на искуствата од минатото.

– Со децении градот се напредува предводен од смело граѓанско движење кое спроведува вистинска промена. Валенсија оваа година ќе ги подобри искуствата на граѓаните и ќе ги поддржи уште повеќе во реализацијата на промените што сите треба да ги спроведеме за подобра иднина, нагласи Синкевичиус.

Во образложението на одлуката за прогласување на Валенсија за европска зелена престолнина за 2024 година се наведува дека градот ја заслужи титулата благодарение на достигнувањата во областа на одржливиот туризам, климатската неутралност и праведната и инклузивна зелена транзиција.

– Како што е илустрирано со нејзиното мото „Заедничка мисија“ со силен акцент на луѓето, Валенсија ефикасно ги комбинира одговорите на еколошките предизвици со општествените. Дури 97 отсто од жителите на градот живеат на оддалеченост од најмногу 300 метри од зелените урбани површини. Градот, исто така, има докажана посветеност на подобрување на квалитетот на воздухот и обнова на природните екосистеми, како што се дината Девеса и околните мочуришта. Валенсија, исто така, стимулира поздраво, одржливо и инклузивно производство на храна преку својата „Програма за соседство и храна“, се додава во образложението.

Инаку за време на периодот додека ќе ја носи титулата европска зелена престолнина, Валенсија ќе организира над 300 активности и настани наменети за сите жители и сектори во градот.

Титулата европската зелена престолнина има за цел да ги охрабри градовите во Европа да станат позелени и почисти и да го подобрат квалитетот на животот на своите жители.

Европска зелена претстолнина во 2025 година ќе биде литванскиот главен град Вилнус, а конкурсот за пријавување за следниот циклус за 2026 година е во тек и е отворен до 30 април 2024 година.

Валенсија Европа европска зелена престолнина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.