Author: Marija Todorovska

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска по средбата со арапските сојузници, им пренел на израелските лидери дека тие сакаат соработка со Израел, што е исто така долгорочна израелска цел, но само ако го отворат патот за воспоставување одржлива палестинска држава.

Read More

Непосредното безбедносно опкружување на Македонија е под силно влијание и на глобалните процеси и комплексните и специфични состојби и односи на Балканот. Сето тоа има директно влијание врз вкупниот безбедносен амбиент во државата. Во изминатите години направен е значаен исчекор во подобрувањето на нашата безбедносна средина. Пред три години Македонија стана членка на НАТО, ги интензивира односите со нашите соседи кои повеќето се членки на НАТО или на ЕУ, земји кои имаат евроатлантска агенда, земји кои одржуваат конструктивни врски со двете организации. 

Read More

Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски да бидат разршени, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Ваква насока дала Владата на денешната седница до Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје, информираа за МИА од Владата.

Read More

Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина е темата на денешната панел- дискусија која се одржува во Скопје. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, на панелот истакна дека Владата ги следи препораките на европскиот зелен договор кој нуди ефикасна употреба на ресурсите со цел премин кон чиста циркуларна економија, меѓутоа во исто време и намалување на загадувањето.

Read More

Пишува: ТИНА ИВАНОВА / ФРОНТЛАЈН „Ова сум јас, додека растев како еден од обожавателите на Акира Куросава или ‘Војна на ѕвездите’… Се надевам дека ќе стане голем серијал и универзум што ќе може да се гради“, изјави пред некое време за „Холивуд репортер“ режисерот Зак Снајдер чиј нов научно-фантастичен филм „Бунтовна месечина – Прв дел: Огнено дете“ („Rebel Moon: Part One – A Child of Fire“ – 2023) разви непрекинати дискусии кај гледачите на „Нетфликс“.

Read More

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвараат линкови од сомнители СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките.

Read More

Од 2022 година, Естонија ѝ обезбеди на Украина воена помош во вредност од речиси 0,5 милијарди евра и ќе издвои 0,25 отсто од својот бруто домашен производ за оваа намена во следните четири години, изјави премиерката на Естонија Каја Калас на прес-конференција, пренесува ЕРР.ее.

Read More

Време е ЕУ да докаже дали е сериозна. Германија бара Европа да излезе со кохерентен план за тоа како да ја поддржи Украина оваа година ако сака да спречи руска победа и тотален колапс на нејзината безбедност и кредибилитет.

Read More

На 12, 13 и 14 јануари и оваа година традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.

Read More

ДРАГАН МИШЕВ Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ Тоа што државната новинска агенција МИА го пласираше во рубриката „МИА истражува“ и истото го пренесоа повеќе македонски медиуми, всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од таканаречениот „независен“ воен аналитичар Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр. Текстот на Буриќ е полн со произволни и паушални тврдења, забележува Мониторинг тимот на Цивил.

Read More