Author: Marija Todorovska
Советот на чувари во Иран го ратификуваше законот со кој се суспендира соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави денеска Иранскиот клуб на млади новинари, осврнувајќи се на оваа тело составено од свештеници и адвокати кое ја проверува усогласеноста на законот со Уставот и исламскиот закон.
Скопје: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
И понатаму две институции од областа на културата (НУ Стоби и ЈУ Универзална сала) НЕМААТ ПЛАТА за МЕСЕЦ МАЈ. Причината лежи во тоа што Министерството за култура ОДБИВА да ги почитува одлуките на Управните одбори на овие институции и бара платите да се исплатат спротивно на Колективните договори и важечката законска регулатива, велат од Синдикатот на културата.
Студентите во блокадата најавија голем граѓански протест во Белград на 28 јуни на Видовден, кој ќе се одржи на плоштадот Славија во 18 часот.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави јавноздравствени препораки за заштита на лицата над 65 години во услови на високи температури. Оттаму нагласуваат дека оваа група на луѓе се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Потсетуваат дека согласно националните и меѓународните препораки, овие лица се категоризирани како таканаречена „ризична категорија“.
Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.
Џелал Хоџиќ: Гледам голем сеир на социјалните мрежи за гафовите на Гордана Сиљановска-Давкова, но мислам дека работата воопшто не е за смеење.
Пентагон ќе воспостави две нови воени зони долж границата со Мексико, соопштија американски претставници, а тоа ќе ѝ овозможи на војската привремено да апси нелегални мигранти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера со Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за „злосторството и агресијата против Украина“.
Трет ден активен е пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Советот за казнени дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска донесе одлука со која Основниот кривичен суд Скопје е определен како стварно и месно надлежен за водење на судскиот процес поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Со предложените измени на Законот за воздухопловство, што по скратена постапка денеска добија поддршка во матичната собраниска комисија, се предлага да се зголеми од три на шест години периодот за финансиска поддршка за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација.
