Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии

0
By Marija Todorovska on June 25, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 25, 2025 15:44

Со предложените измени на Законот за воздухопловство, што по скратена постапка денеска добија поддршка во матичната собраниска комисија, се предлага да се зголеми од три на шест години периодот за финансиска поддршка за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација.

Сегашната регулатива предвидува финансиска поддршка во траење од три години за авиопревозниците кои ќе воведат нова дестинација. Со цел да се поттикне развојот на пошироки мрежи на рути и да се поддржи одржлив раст на поврзаноста, се предлага зголемување на периодот на поддршка до шест години, се вели во Предлог законот, поднесен од  пратениците: Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Јане Мицевски, Катерина Димитровска и Тони Јаревски.

Според Предлогот, во Законот за воздухопловство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/24, 224/24 и 3/25) во членот 49 став (3) зборот „тригодишна“ се заменува со зборот „шестгодишна“.

По Предлог законот не беа поднесени амандмани и Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Основни цели на Предлог законот за изменување на Законот за воздухопловство е овозможување на поголема флексибилност и поттик за развој на воздушната мрежа, што ќе резултира со подобра поврзаност, економски развој и поконкурентни цени.

Поддршка од собраниската Комисија денеска доби и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта, исто така поднесен од група пратеници.

Со измените, меѓу останатото,  треба да се овозможи поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ за плаќање патарина, освен во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и во други места. За таа цел ЈПДП треба да распише јавен повик со што правни лица кои ќе ги исполнат исполнуваат условите би можеле да вршат, продажба и надополна на М-ТАГ-овите.

 Досега иако имаше интерес од граѓаните, заради недостапност, односно можеа да се набават само во просторите на ЈПДП, се овозможува можност за избор на оператор што ќе направи мала дистрибутивна мрежа каде на граѓаните оваа услуга и овие можности и апаратчиња би им биле подостапни, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

Тој образложи дека со законските измени се дефинира што се подразбира под експресен пат што, потенцираше е многу важно за изведбата и динамиката на градба на нови патишта.

 Се овозможува  и поставување различни алатки, инструменти согласно Законот што може да го забават сообраќајот, бидејќи во Македонија на делниците кај експресните патишта се наоѓаат многу школи, болници, градинки, итн.,  што може да доведе до ризик здравјето и ризикот на нашите граѓани. Исто така се земени предвид искуствата од сообраќајните незгоди и сметаме дека ќе може да помогне многу при зголемување на безбедноста, рече Јаревски.

авиолинии закон за воздухопловство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.