Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Томе Христов
Ваква е констатацијата на советниците од опозициската СДСМ во општина Василево, по денешната седница на која обелоденија низа неправилности од страна на локалните власти
Во градот под Царевите кули течат и последните подготовки пред главната карневалска вечер која започнува вечерва. Во Струмица или како што деновиве се нарекува „градот под маски“ се е подготвено за забава до утринските часови
Иако водата се повлекува од обработливото земјиште и населените места во струмичкиот регион, дел од општините кои беа зафатени од поплавите се уште немаат извршено проценки за настанатите штети
Целта на протестот, според нив, е воведувањето на предметот математика како задолжителен предмет за државна матура, по завршувањето на четврта година и воведувањето на новитет во начинот на спроведување на електронско тестирање
Лекарката Ели Карчева од Струмица вели дека секој еден граѓанин бил загрозен во оваа држава. Според неа дестабилизацијата во една држава водела до несигурност на секој граѓанин
Тројцата починати биле во просторијата каде што се вршело полнење на мали плински боци, додека во просторијата каде што се вршела изработка на плинските боци пред полнење, работеле преживеаните лица
Во моментов се уште се чека да пристигне судската медицина од Скопје, за да се направи идентификација на телата. Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 8.50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемирила населението во Богданци.
Увид од страна на полицијата и крим техника во моментов се врши во плинарата во Богданци, каде утрово во силна експлозија три лица животот го изгубија, а еден е повреден. Во моментов се очекува да пристигне судската медицина од Скопје, за да се направи идентификација на телата
Синоќешните дождови поплавија неколку населени места во струмичкиот регион. Најкритично е во селата Муртино, Просениково и Дабиле, кои се и најниските населени места
Граѓаните и стручните служби се подготвени за новиот бран на врнежи, најавен од страна на синоптичарите кој се очекува да надојде вечерва
Манифестацијата со вековна традиција и со најголем број учесници и посетители во Република Македонија, не постои за Министерството за култура, соопштуваат од општина Струмица. Од таму велат дека нема конкретно образложение зошто Струмица не доби поддршка од Министерството за култура за проектот меѓународен струмички карневал 2015
Седум професори – тестатори го извршуваат екстерното тестирање денеска во СОУ„Димитар Влахов“, во Струмица, иако истите не се професори од ова училиште. Тие кои што ги начекавме во дворот на училиштето велат дека тестирањето не започнало во предвидениот термин, бидејќи се чекало на пин кодот од МОН