Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богданци: Идентитетот на починатите ќе се утврди со ДНК анализа

0
By Томе Христов on February 6, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 6, 2015 15:02


По вчерашната трагедија во Богданци каде што во фабриката за полнење на плински боци „Балкан – Гасови“, животот го изгубија тројца жители на село Ѓавато, Васе Дуев (42), Златко Дуев (59) и Благој Делков (40), од Јавното обвинителство, се вели дека телата не се предадени на семејствата, бидејќи се чека исходот од ДНК анализата која треба да заврши за 3 до 7 дена.

По увидот на надлежен обвинител е констатирано дека фабриката каде што избувнал пожарот се состоела од повеќе простории. Тројцата починати биле во просторијата каде што се вршело полнење на мали плински боци, додека во просторијата каде што се вршела изработка на плинските боци пред полнење, работеле преживеаните лица.

Во разговор со надлежниот обвинител, управителите на фирмата известиле дека во овие простории имало складирано над 1000 пакети со мали плински боци кои биле спремни за извоз наредниот ден. Освен ова, во дворното место се наоѓале и две цистерни кои во моментот биле полни со пропан бутан гас и една празна цистерна.

Вината за трагедијата најверојатно ќе се утврди откако ќе се види видео снимката од безбедносните камери на објектот. По наредба на Јавниот обвинител ќе се проверува и целокупната документација за заштита и безбедност при работа, исправноста на функционирањето на машините, како и почитувањето на сите прописи за работа на овој вид дејност.

Жителите на селото во шок и неверување од вчерашната трагедија, велат дека трагично починатите биле добри и мирни луѓе. Еден од починатите бил во роднинска врска со сопственикот на фабриката.

Тетката и тетинот на Васе со солзи во очите говореа пред камерата на НОВА за страшната несреќа која го снајде нивниот внук.

„Не беше оженет, живееше со мајка му. Но еве и Васе го снајде истата судбина како неговиот татко, и тој почина на негова возраст. Сега мајка му остана сама“, велат Љупчо и Линка.

Љупчо додава дека во целата оваа несреќа, сепак не се случило она најлошото од кое можело да настрада целиот град Богданци.

„Доколку експлодирала најголемата боца, која тежи околу 20 тона, тогаш ќе се случеше бомба која ќе го уништеше целиот град“, објаснува Љупчо.

Во вчерашниот пожар во фабриката „Балкан Гасови “ во Богданци, три лица го загубија животот, додека две се повредени. Исто така причинета е и материјална штета, а во околината на фабриката биле опожарени повеќе возила.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.