Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмица под маски – започна карневалската треска

0
By Томе Христов on February 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 21, 2015 14:39

Во градот под Царевите кули течат и последните подготовки пред главната карневалска вечер која започнува вечерва. Во Струмица или како што деновиве се нарекува „градот под маски“ се е подготвено за забава до утринските часови. Низ улиците на Струмица ќе продефилираат 50 карневалски групи и 22 од странство. Една од нив се и Струмичките викинзи, кои со подготовка за учеството на годинешниов карневал започнале од месец ноември минатата година.

„Годинава нашата маска е наречена Масони. Идејата беше да се почувствуваме како најстарото братство„масони“, луѓе кои правеле добро за самите себе но и за другите, велат за НОВА“, претставници од карневалската група.



Во Струмица деновиве пристигаат и гости од другите градови ширум државата како и од странство. Некои од нив учествуваат со години , некои за прв пат. Гостите од Куманово, вечерва ќе се претставата по петти пат.

„Ние доаѓаме од Куманово од гимназијата „Гоце Делчев“, овде сме по петти пат и сме презадоволни од учеството на струмичкиот карневал. Денеска ќе се претставиме со маска насловена „Лицемери“. Сметаме дека одговара на нашето секојдневие што ни се случува во политиката, вели Радислав Радевски од Куманово.

Градот под маски пулсираше и синоќа со одржувањето на традиционалниот маскенбал во хотелот Сирус, на кој се избираше принц и принцеза, а забавата под маски траеше до раните утрински часови. Гоце и Васка Терзиеви, брачен пар од Струмица, беа избрани за принц и принцеза на маскенбалот. Тие вечерва ќе го предводат главното карневалско интернационално дефиле кое ќе стартува во 18.30 часот. За голем број од учесниците во Сириус маскенбалот претставува традиција, забава и уживање.

„Чувството секоја година е уникатно, деновите пред карневалот се еуфорични и сите не зафаќа таа карневалска треска. Годинава имаме малку покомлицирана маска, која ја нарековме „Ѕвездите од Холивуд“, изјави претставничка од карневалската група.

Според организациониот одбор на карневалот и вечерва се очекува богата и разновидна понуда на маски од домаќините, но и од големиот број гости од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Бугарија, Турција кои ќе бидат дел од главната карневалска поворка по улиците на Струмица.

„Очекуваме спектакуларна вечер како и секоја претходна година, но се надеваме дека ќе бидеме барем малку подобри за разлика од претходната година што впрочем е и нашата девиза на карневалот, рече Цицимов.
После главната карневалска поворка, забавата ќе продолжи низ струмичките кафулиња и ресторанти, кои ќе бидат обоени во најразлични бои.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.