Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Томе Христов
Во него ќе престојуваат осум деца, со Даунов синдром, аутизам и со комбинирани пречки во развојот. Центарот почнува со работа без дефектолог и логопед, а во моментов со децата ќе работат тројца волонтери – психолог, социолог и социјален работник.
Долго најавуваниот Дневен центар за деца со посебни потреби од денеска официјално почнува со работа, но без дефектолог и логопед. Во него ќе престојуваат осум деца, со Даунов синдром, аутизам и со комбинирани пречки во развојот. Првично со децата ќе работат тројца волонтери – психолог, социолог и социјален работник
Имаме еден лекар во Дражево до 14 часот и толку. Минатата година имаше два смртни случаи, зошто немаше итна помош. Додека да стигнат во Струмица починаа луѓето, се жалат жителите на ова село
„Единствен извор на знаење на учениците е училиштето, а кога завршуваат со училишните активности, завршува и нивниот образовен процес. Проблем е што и самите родители немаат образование, ги тераат децата да работат по полињата, по пазарите и на тој начин го експлоатираат нивниот труд“, вели директорката на ОУ Сандо Масев, Лидија Манушева.
Над 15 илјади граѓани во рок од 24 часа заминале за соседна Грција како викенд дестинација на стартот од летната сезона. Околу пет илјади Македонци заминале да ги искористат грчките плажи, од кои најголем број од нив се на еднодневни ексурзии велат извори за НОВА
Во родниот град за Светското првенство е и еден од најпознатите македонски фудбалери и струмичка гордост, Горан Пандев Тој натпреварот го следеше со најблиските од академија „Пандев“, а крајот на мундијалот истакна дека ќе го следи во Италија
Со 21 глас за и ниту еден против, беше разрешен претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, на продолжението од 15- тата седница
„Машинеријата на власта ја држи цела македонска јавност заробена во лага, а дел од таа лага е и случајот Глобал“, вели Заев.
Македонија е една од ретките земји која веќе 12 години нема спроведено попис, со што покажува дека не е способна да организира една статистичка операција и не ги исполнува меѓународните обврски
Според советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Пакетов, спорно е тоа што во дневниот ред за денеска во кој имаше 50 точки, не беа ставени и точките за разрешување на претседателот на Советот Марјан Даскаловски
„Екстерното тестирање е е најкатострофалниот проект до сега на Владата, а периодот од три дена да знаеме кои предмети ќе ги полагаме е доста краток , вели за НОВА ученик од втора година во СОУ„ Јане Сандански“ од Струмица кој сакаше да остане анонимен
Лауреатот Борис Геретс, истакна дека е горд на признанието за европски и светски филм бидејќи, како што рече, неопходно е да се наоѓаат нови начини за изработка на филмови