Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна „Астерфест“ со оскаровецот „Хелиум“

0
By Томе Христов on May 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 28, 2014 11:42

Со постоењето на струмичкиот „Астерфест“ се затвори филмскиот триаголник во Македонија, се воспостави некоја трета катета, рече Горан Тренчoвски, менаџер и втемелувач на филмскиот фестивал, парафразирајќи го Благоја Куновски во однос на рангирањето на овој фестивал.
Јубилејниот десетти фестивал се отвори вечерва со доделување на наградите на лауреатите Љупка Џундева и Борис Геретс.

Присутните на првата вечер од фестивалот го погледнаа оскаровецот „ Хелиум“ на Андерс Валтер, во кој момчето Алфред е на умирање, но преку приказните за Хелиум – магичен имагинарен свет за кој раскажува Енцо, ексцентричниот домар во болницата, кај Алфред се враќаат радоста и среќата да се живее и тој си наоѓа прибежиште од секојдневниот живот.
Тренчовски истакна дека овој фестивал денес значи многу за Струмица и Македонија иако во 2005-та година се почнало срамежливо.

„Денеска заокружуваме еден концепт кој е интересен не само во македонски туку и во странски рамки. Проекцијата на кратката и документарната филмска форма е навистина предизвик. Оваа година имаме мошне изобилна програма, допатуваа доста автори од други држави, да ги промовират своите дела и сето тоа ќе биде интересна прилика за интеракција меѓу публиката, како и едукација меѓу младите, рече Тренчовски.

Тој посака во иднина младите да продолжат да истражувааат и да разоткријат дел од тајните на филмската уметност.

Лауреатот Борис Геретс, истакна дека е горд на признанието за европски и светски филм бидејќи како што рече неопходно е да се наоѓаат нови начини за изработка на филмови. Тој го честиташе јубилејното издание на „Астерфест“ и потенцираше дека ваквите фестивали се многу значајни за луѓето од неговата фела.

„Возбудена сум, бидејќи не се надевав на наградата, благодарна сум на „Астерфест“ и на Струмица. Се чувствувам пријатно како да сум во својата куќа, бидејќи овде имам играно на оваа театарска сцена“, рече Љупка Џундева.

Значењето на фестивалот кој е гордост на сите струмичани не го криеше и градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

„Сите се гордееме со оваа десетгодишно филмско постоење кое почна ентузијастички, а денеска е културна меѓународна манифестација. Не само што е од меѓународен карактер значаен, не само што е македонски туку е и наш, струмички, со кој што сите сме горди“, рече Заев.

Во следните четири дена до крајот на месецот струмичани ќе можат да уживаат во проекциите на
документарни, играни, анимирани и македонски филмови, со надеж дека утрата ќе бидат посветли, а ноќите потемни за поуспешни проекции и обид за поубав и побогат живот со новите филмски сништа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.