Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Vladanka Dimkovska
„Со антикризните мерки обезбедуваме финансиска поддршка за сите граѓани, поддржуваме 120 илјади млади лица, десетици илјади социјално ранливи граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата Мој ДДВ, и 600 илјади домаќинства заедно со над 70.000 компании“, порача вечерва на трибината „Повеќе за сите!“ во Гостивар потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. „Владата предводена од СДСМ обезбеди финансиска поддршка за зголемување на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања, до 50.000 денари. Паралелно со ова, над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци…
Владата на Република Северна Македонија донесе Предлог на закон за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Со овој закон, како што е образложено од предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се стимулира зголемување на платите на вработените, како и намалување на трошоците за работната сила на работодавачите, со тоа што се прави законско регулирање на мерка за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување. Целта на Предлогот на законот е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, намалување на даночната евазија и неформалната економија,…
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со министрите за транспорт и инфрастуктура од земјите на Западен Балкан ја потпишале заедничката Декларација за имплементација на Интелигентни транспортни системи, соопштија денеска од Министерството за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски заедно со министрите за транспорт и инфрастуктура од земјите на Западен Балкан ја потпишале заедничката Декларација за имплементација на Интелигентни транспортни системи, соопштија денеска од Министерството за транспорт и врски. Со Декларацијата, земјите од Западен Балкан се залагаат за воведување на интелигентни системи во железничкиот и патниот сообраќај на европските коридори, како предуслов за ефикасен транспорт.…
Претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 оцени дека негласањето на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени е во суштина антиевропско однесување. „Последниве година и пол, од за мене сосема неразбирливи причини, од тесно-партиски интереси, главната опозициска партија започна да се однесува на антиевропски начин“, рече претседателот Пендаровски. Запрашан за влијанието на пораките од американските претставници од Стејт Департментот насочени кон противењето на опозицијата за уставните измени, претседателот Пендаровски рече дека тие не влијаат врз ВМРО ДПМНЕ затоа што мислат дека на таков начин добиваат рејтинг. „Изминатава година, година и пол, од усвојувањето на францускиот предлог во…
„Премиерот Димитар Ковачевски односно претседателот на СДСМ даде изјава дека ќе се испочитува договорот од изборите од 2020 година, последните 100 дена од техничката влада да припаднат на премиер од етничка албанска заедница. ДУИ, нашиот коалиционен партнер излезе со предлог тоа да биде Талат Џафери. Вчера се виде во потесното раководство и во ИО тој предлог, но централниот одбор ќе треба тоа да го процесуира соодветно односно да се формализира следниот состав на владата. Вчера се донесе одлука претседателот да продолжи со преговори за составот на техничка влада во која сите опции се отворени, ние сме познати како партија по…
Во вечерашното интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 претседателот Пендаровски даде коментар за Законот за игри на среќа истакнувајќи дека деновиве до него доаѓаат информации дека наводно во парламентарна процедура е овој закон повторно со европско знаменце. „Не можам да верувам дека навистина до крај тоа ќе се случи, дека со европско знаменце вие би форсирале закон за кој е јасно уште отсега дека не постои јасна европска директива наспроти сите оние критики кои ги имавме и од САД кои не се членка на Европската Унија, а не пак само од евроамбасадорот тука во Скопје“, истакна претседателот Пендаровски.…
„Треба да бидеме горди на еден процес кој за прв пат се случи во овие две години, а тоа е процесот на отворање на преговорите кои ги отворивме минатиот јули после 17 години, и имавме интезивен период од 15 месеци, на учество во скринингот, кој се затвори минатата недела. Околу 100 работни дена, 1000 учесници, 850 презентации. Она што го приметивме таму е дека не сме толку далеку од ЕУ, но исто така не смееме да стоиме повеќе во место,“ порача заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме…
„Вие сте Европа. Македонија е во срцето на Блаканот, географски и култуно и македонскиот јазик е рамноправен дел од културниот пејзаж во Европа. Повеќето македоски граѓани сакат да бидат дел од ЕУ – и ЕУ сака да бидете дел од неа, бидејќи ЕУ нема да биде целосна без вас“ рече Амбасадорт на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир преку видео обраќање на отворената трибина за граѓаните од кампањата „ Ние сме Европа’’ посветена на темата –енергетика во Куманово. Гир рече дека денеска, фокусот е на енергијата. Енергијата исто така не поврзува. Отпорноста на енергетскиот секор станува се поважана…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на отворената трибина „Ние сме Европа“ во Куманово, на осмиот завршен настан говореше на тема: „Членството во ЕУ од аспект на енергетиката“. Покрај претседателот на Владата, Ковачевски на отворената трибина говореа и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот за европски прашања, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е Дејвид Гир, Амбасадор на Европската Унија, како и Н.Е Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставници на дипломатски кор, институции, граѓански организации…