Author: Xhabir Deralla
Министерството за здравство во Газа, контролирана од Хамас, денеска објави дека бројот на жртви во Појасот Газа од почетокот на 22-месечната војна меѓу Израел и Хамас се искачи на 63.025.
Белград: Во Научно-технолошкиот парк во Нови Сад ќе биде формирано здружението „Професори 2.0“, а под маската на „Институтот за академска акција“ и под водство на Патрик Дрид, првиот декан кој ја повика полицијата да интервенира против неговите студенти, соопштија денеска од Академскиот пленум на Србија.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кaja Калас, остро ги осуди масовните руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа денеска порача дека Москва мора да се соочи со нов бран санкции.
Русија концентрирала 100.000 војници во близина на Покровск, клучен град во источна Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Белград: Студентите во блокада на факултетите во Србија потврдија на својот официјален профил на социјалните мрежи дека на 1 септември ќе им се придружат на средношколците во големиот протест што го најавија пред неколку дена.
Во спортската сала во Куманово, платена од сите граѓани (да, да, и од оние што беа мета на омразата), одекнуваа повици за геноцид – „гасни комори“ и „мртов Шиптар“. Ова не е „инцидент“, туку дел од операциите што имаат цел да обезбедат победа на национализмот и пораз на општеството. Премиерот, министрите и градоначалникот – сведоци и профитери. Јавноста молчи. Повторно.
Со новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој пред две недели беше усвоен на владина седница, се предвидува целосен државен монопол во приредувањето на игрите на среќа онлајн, предупредуваат легалните приредувачи на игри на среќа.
Крешник Ајдини (16 јуни 1968 – 16 јуни 2023) Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Тешко ми е да пишувам за Крешник. Особено затоа што беше извонредно прониклив и конкретен уредник, па секоја и најмала трага од патетика или вишок зборови во моите текстови ги ловеше со неумолива прецизност, а со својата убиствено деликатна духовитост, знаеше да ме насмее до солзи – на моја сметка.
Јован Деспотовски ги демантира информациите дека тој е приведен: Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување, сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни.
Во Редакција НОВА пристигна демант од телекомуникациската компанија МТЕЛ, во која остро и категорично се демантираат ставовите изнесени во текстот со наслов „Кинеското влијание во Северна Македонија“, како и видеото „Зошто Кина не е тема за медиумите во Северна Македонија?“ Написите првично се објавени на „Гласот на Америка“ на македонски јазик, а преземени од НОВА. Демантот го пренесуваме во целост:
Соопштение на ЦИВИЛ – Центар за слобода, по повод Меѓународниот ден на мирот Оваа година се одбележува 25-годишнината од усвојувањето на Декларацијата и Програмата за акција за култура на мирот од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.
