Author: Xhabir Deralla
Амбасадата на Украина во Северна Македонија денес со пригодна свеченост која започна пред споменикот на Тарас Шевченко и продолжи во Алејата Украина во центарот на Скопје го одбележи 24 Август – Денот на независноста на Украина, објави ЦивилМедиа.
Централната изборна комисија со задоволство контатира дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ. Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера. Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, до 19.45 часот излезени се 12.608 членови или 54%, соопшти Викторија Аврамовска – Мадиќ, претседателка на ЦИК на СДСМ.
Екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен води на предвремените парламентарни избори во Франција со освоени 34 отсто од гласовите, објави ЦИВИЛ МЕДИА, повикувајќи се на свои извори во Франција. Ова е историска победа за крајната десница во Франција. Вакво нешто не се случило од крајот на Втората светска војна наваму.
Гласачите во Франција денеска гласаат на парламентарни избори кои би можеле да ја воведат првата екстремно десничарска влада во земјата по Втората светска војна, објави ЦИВИЛ МЕДИА.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Точно е. Бајден беше неконзистентен, конфузен, лошо ги формулираше мислите и на моменти имаше проблем да заврши реченица. Накратко, неговите перформанси беа полоши отколку било кога порано. Длабоко разочарувачки и шокантно – се меѓу најчестите оценки на настапот на Џо Бајден во дуелот со Доналд Трамп на 28 јуни во Џорџија (видео линк до дебатата).
Ако во 2 часот по полноќ излезете на балкон во центарот на Скопје, ќе ве опфати чувство дека сте во рерна. Властите прогласија портокалова фаза од 19 до 23 јуни. Тоа ги ослободува најранливите групи како бремените жени и лицата постари од 60 години од работните обврски. Навистина, се работи за пет дена од кои три се неработни, но колку-толку таа мерка може да послужи како превенција, се разбира, ако работодавачите се придржуваат до тоа.
Промоцијата на книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски ќе се одржи во Рок бар „Гарсон“ на 11 јуни (вторник), со почеток во 19:30 часот, објави Фронтлајн. Промотори на книгата се проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски.
Повеќе од десет години, Русија врши злосторства на привремено окупираните територии на Украина, покажувајќи го вистинското лице на „рускиот свет“. Егзекуции на невооружени цивили, тортура, силување, „филтрациони логори“ и нелегално затворање… – списокот е неисцрпен.
Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Секое дете има неотуѓиво право на живот. Барем така е забележано во Конвенцијата за правата на детето. Меѓународната заедница има развиено многу меѓународни правни документи – веќе споменатата Конвенција, Декларацијата за правата на детето, Светската Декларација за обезбедување на опстанок, заштита и развој на децата. Но, сите овие меѓународни документи не ги заштитија животите на украинските деца, кои продолжува да ги убива режимот на кремљ.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Длабоко ме трогна пораката на украинскиот претседател до светот. Човек не може да остане рамнодушен на глетката на лидерот на една суверена и независна земја како стои среде урнатините и им се обраќа на лидерите во светот, повикувајќи ги да дојдат на средба на која ќе се говори за мир.
Ова обраќање до светската јавности и до лидерите во светот е снимено за време на работната посета на претседателот Зеленски во Харкив, Украина, пред само два дена, на 24 мај 2024 година, објави ЦИВИЛ МЕДИА.
Извори од МНР на Украина најавија дека утре претпладне претседателот Володимир Зеленски ќе се појави пред светската јавност со вонредна и исклучително важна изјава поврзана со Самитот за мир за Украина, како и за воените дејствија на руската федерација, дознава ЦИВИЛ МЕДИА.