Author: Zoran Ivanov
Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.
Спектаклот на националистот Томпсон пред половина милион луѓе беше концерт на вистината во Хрватска. Тоа беше приредба на режимот и обнова на ендехазијата.
Тони Дескоски: Како што предупредив, ситуацијата со неоусташтвото во Хрватска е прилично загржувачка.
Иако декларативно за европска иднина, премиерот Мицкоски сè поотворено се конфронтира со Унијата. Без отстапки, без гаранции и без подадена рака – Македонија стои во место, додека ЕУ чекори напред.
Москва:Рускиот претседателот Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на лицата без државјанство како и странските државјани да служат во руските вооружени сили.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот договор со Киев мора да вклучува разоружување на украинската армија, како и укинување на санкциите против Русија.
Тирана: Податоците за населението на работоспособна возраст (15–64 години) во Албанија, во периодот од 2010 до 2025 година, покажуваат силен тренд на опаѓање, особено во последните години, зголемувајќи ја загриженоста за пазарот на трудот во земјата и економските перспективи.
Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правца, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.
Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци.
Во денешните израелски воздушни напади врз Појасот Газа убиени се 33 Палестинци, а 25 се повредени, соопштија палестинските власти.
Светот доживува радикални промени, либералниот модел на глобализација е застарен, а униполарниот систем на меѓународни односи е минато, оцени рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето преку видеоконференциска врска на самитот на БРИКС што започна денеска во Рио де Жанеиро. Според него, БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток.
Хјустон: Најмалку 70 луѓе загинаа меѓу кои 21 дете од христијански летен камп во поплавите што го погодија централниот дел на Тексас после обилни дождови. Според метеоролозите, месечното количество на дожд паднало за само 45 минути ноќта на 4-ти јули.