Author: Zoran Ivanov
Анкара: Властите во Турција во 2024 година блокирале повеќе од 311.000 Интернет страници, со што е достигнат највисокиот број забрани откако се води ваква статистика, стои во извештај на Турската асоцијација за слобода на изразување (İFÖD), цитиран од Туркиш Минут („Turkish Minute“).
Атина: Над 1,34 милиони литри бензин и над 212.000 литри хемиски растворувачи биле дистрибуирани во Грција во текот на 2025 година од членови на меѓународна криминална организација активна во шверц и фалсификување на гориво и употреба на нелегален софтвер за измама на потрошувачите, а процените се дека вкупната корист од нелегалните активности изнесува најмалку три милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.
Не можам да го разберам молкот на политичарите иако 147 земји од 193 земји ја признаа Палестина и неколку земји од Западот најавија дека ќе го направат тоа овој месец на седница во Обединетите Нации. Малкумина од политичарите проговорија на оваа тема иако нивните гласачи се згрозени од тоа што го гледаат во Газа. Не можам да го разберам молкот на на другите наши граѓани од другите професии во услови кога се убиени голем број деца, жени, хуманитарни работници, спортисти, уметници … Ердем Ахмет Не можам да го разберам молкот на голем број мои колеги новинари за геноцидот во Газа…
По утрешниот Самит на Коалицијата на подготвените, што ќе се одржи во Париз, учесниците телефонски ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Елисејската палата.
Лисабон: Познатиот жичник „Глорија“ во Лисабон, популарен кај туристите, денес излета од шините. Според последните информации, најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди.
По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија.
Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада.
Њујорк: Мисиите на мировните сили на Обединетите нации се соочуваат со сериозни финансиски проблеми, а намалувањето на американските средства може да ја ограничи нивната способност да ги заштитат цивилите, особено во Јужен Судан и Демократска Република Конго, соопшти претставник на ОН за мировни мисии.
Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, блиску до границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
