Author: Zoran Ivanov
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести низ Србија во кои, како што вели, имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата, пишува Телеграф.
Доналд Трамп и Владимир Путин одржаа состанок зад затворени врати кој траеше речиси три часа. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и претставникот Стив Виткоф, беа присутни на преговорите со Трамп, додека Путин беше придружуван од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот Јуриј Ушаков. По состанокот, двајцата се појавија пред печатот и нагласија дека е постигнат одреден напредок, но без конечен договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
СиЕнЕн: „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“, рече Трамп. „Следниот пат во Москва“, одговори Путин на англиски – сугестија што според Си-Ен-Ен, се чини дека го исклучува Зеленски од дискусијата. Нема договор додека нема договор, изјави Трамп по самитот во Алјаска. Следниот пат во Москва, порача Путин, на заминување од Анкориџ. Во меѓувреме, додека траеја разговорите за постигнување мир, руски беспилотни летала ја „посетија“ Украина. Со борбени авиони, црвен тепих и надежен слоган – „Pursuing peace“ – залепен на ѕидот, американскиот претседател Доналд Трамп го пречека својот руски колега Владимир Путин на самитот…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на НАТО за неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин, објавија светските агенции.
Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.
Студенти, граѓани, возрасни, млади, полиција, камења во лет, по некоја звучна експлозија од разни пиротехнички средства и по некој повреден и малку крв на асфалтот и интервенции на медицински тимови – тоа ме сликата во центарот на Белград ноќва, а полицијата почна и со солзавец.
Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа.
Нови протести се одржуваат низ Србија и вечерва, на повик на студентите во блокада.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите.
Собранието за утре закажа седница на чиј дневен ред единствена точка се измени на Изборниот законик по скратена постапка, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството на независните кандидати на претстојните локални избори. Наместо еден отсто, со измените се превидува – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 0,95 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ).
Тажно е што огромната позитивна, прогресивна енергија, амбиент, кој се создаваше 2015 / 2016-та, денеска е претворен во апатија, изгубена надеж и ентузијазам. Тажно е што не смогнавме сили да го продолжиме патот на прогресот. Тажно е што се вративме на ужасното ништавило кое не опкружуваше пред десеттина години. Горан Волканоски На Србија и требаше 13 години да се разбудат и да ја започнат борбата за слобода, Демократија, правда! Нам ни требаа 11 години да се разбудиме, да започнеме борба за слобода, Демократија, правда и прогрес. Нашата трагедија е поголема од српската. Ние, извојуваната слобода ја предадовме, ја фрливме на…
