Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина

0
By Zoran Ivanov on August 16, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 16, 2025 09:50

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.

Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.

Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене, додаде тој.

На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.

Во интервјуто за „Фокс њуз“, Трамп наговести дека размената на територии и безбедноста на Украина биле дискутирани за време на средбата со Путин.

Водителот, пак, посочи дека ќе има „некои размени на територии“ и „повеќе руска територија“, додека Украина ќе добие „безбедносни мерки што не се поврзани со НАТО“. На прашањето дали ова е начинот на кој ќе заврши кризата, Трамп одговори: „Мислам дека тоа се точките за кои се согласивме, тоа се точките за кои во голема мера се согласивме. Мислам дека всушност се согласивме за многу работи“.

Во исто време, американскиот претседател рече дека смета оти страните се „блиску до договор, но не сака да зборува за тоа“, сугерирајќи дека давањето детали би го уништило договорот.

Тој одби да разговара за тоа за што се согласиле тој и Путин и што останало нерешено.

Путин претходно рече дека не е против средбата со Зеленски, но дека прво мора да се исполнат „одредени услови“. Кремљ рече дека двајцата треба да се сретнат само кога на маса ќе има мировен договор, подготвен за потпишување.

 

закаже Зеленски Путин Состанок Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската поклиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската поклиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.