Author: Zoran Ivanov
Во централниот дел на Израел се огласија сирените за тревога откако Иран лансира балистички ракети.
Лидерите на седум водечки демократски економии во светот, собрани на самит во Канада под покровителство на групата Г7, дадоа заедничка изјава за медиумите по состанокот.
Триесет и четири лица загинаа вчера во Појасот Газа кога израелски војници отворија оган врз толпа луѓе кои се обидуваа да стигнат до американско-израелските центри за дистрибуција на храна, соопштија здравствените власти, а очевидци го потврдија нападот. Тоа е најкрвавиот случај на ваков тип на напад откако минатиот месец беше воведен новиот систем за дистрибуција на хуманитарна помош, велат тие.
Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ.
Само неколку дена по најавите за можна пресвртница во американско-руските односи, Белата куќа неочекувано ја откажа планираната средба со Москва за нормализирање на работата на дипломатските мисии. Одлуката доаѓа во период на зголемена глобална несигурност, а аналитичарите шпекулираат дека станува збор за или внатрешнополитичка калкулација во САД – или нова порака до Кремљ дека ништо не е договорено додека не е јавно потпишано. Во меѓувреме, прашањето останува: дали Вашингтон сака дијалог или само политичка предност?
Во живописното планинско одморалиште Кананаскис во Алберта, од 15 до 17 јуни 2025 година се одржува 51-от самит на групата најразвиени демократии во светот – Г7. Ова е седми пат Канада да биде домаќин на самитот, и втор пат токму во Кананаскис, по историската средба во 2002 година. Домаќин на годинашниот самит е новоизбраниот премиер Марк Карни, кој со ова го бележи своето прво големо меѓународно претставување откако ја презеде функцијата на почетокот на годината.
По иранскиот ракетен напад врз Израел, вкупно 135 лица беа примени во израелските болници. Медицинскиот центар „Волфсон“ во Холон, израелски град во областа Тел Авив, соопшти дека примил 65 повредени по најновиот напад од балистички ракети од Иран, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелската војска соопшти дека го нападнала седиштето на силите Кудс на иранската елитна Револуционерна гарда.
Амбасадата на Иран во Русија денес објави дека иранскиот парламент одобри договор за сеопфатно стратешко партнерство со Русија.