Author: Zoran Ivanov
Украинските сили за беспилотни системи го нападнаа технолошкиот парк „Резонит“ во рускиот Московски регион во текот на ноќта на 12 јуни, а беа пријавени експлозии во објектот, соопшти украинската војска.
Соработката со пратеничката група мора да биде приоритет. Постои постојана координација помеѓу ПГ и раководството и дебата за сите отворени прашања, како основа за рефлектирање на политиките на партијата во јавноста. Искуството кое го носат со себе најголемиот дел од нашите пратеници помага во конзистентност и единство, особено при носење на важни законодавни прашања и поддршка на процеси кои се од интерес за државата.
Информацијата за американското повлекување на персоналот од регионот, како и британското предупредување до превозниците за зголемените закани за поморската безбедност, дојдоа само неколку часа откако Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека станува „помалку убеден“ во успехот на преговорите со Иран.
Сирија воведе нов кодекс на облекување на своите плажи, според кој жените се обврзани да носат буркини – специјализирани костими за капење кои го покриваат телото и косата. Новите правила важат и за странските туристки, што предизвика бурни реакции и споредби со рестриктивните практики во Авганистан, јавува Си-ен-ен.
Хуманитарната помош е блокирана. Луѓето умираат од глад, додека конвоите со брашно и лекови стојат на границата. ОН викаат дека нема пренасочување на помошта, но Израел сè уште ја држи клучалката. А светот? Светот шепоти нешто за „право на самоодбрана“, потоа се враќа на дневната рутина, на берзите, на изборите, на Трамп и Маск, на цицките од …
Многу добрите односи, соработката и меѓусебното разбирање меѓу двете партии по многу прашања, биле потврдени на средбата во Атина на претседателите на СИРИЗА и СДСМ Сократис Фамелос и Венко Филипче, соопштија од грчката опозициска партија.
Приштина: Косовската влада денес одлучи да прифати до 50 мигранти од Соединетите Американски Држави во рок од една година.
Утре, четвреток во 13 часот, пред Книжарницата под отворено небо кај „Рекорд“, во центарот на градот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи музичко интермецо, практично концерт наминување со музика од современи автори чиј предзнак е минимализмот. ,Станува збор за музика која и во најголемиот метеж едноставно не можете да ја одминете. Звукот на Рихтер, Еинауди и Федел носи естетски квалитети кои пркосат на секој обид кич културата да стане мејнстрим, вели Иванова. Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар.
СДСМ попладнево издаде уште едно соопштение за јавноста, во кое му одговара на прашањето на премиерот Мицкоски, кого претходно го обвинија дека предводи „авторитарна влада“.