Author: Zoran Ivanov
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Далекусежните способности на Украина се клучен фактор што ќе ја принуди Русија да ја заврши војната, изјави денес украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој е еден од 16-те загинати лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од утрово. Имено, таму попладнево пристигна полициско засилување – полициска бригада за разбивање демонстрации.
Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување.
До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто.
Украинските воздушно-одбранбени сили соборија 67 од вкупно 79 руски дронови, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Укринформ.
До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто.
Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 9, 21 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти. Денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а се повторува гласањето во три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко.
Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека сите избирачки места се отворени.
