Author: Zoran Ivanov
Поделениот американски Сенат вчера го отфрли најновиот обид да се укинат серијата царини на претседателот Доналд Трамп, и тоа само неколку часа откако федералната влада објави дека економијата се намалила за прв пат по последните три години поради хаосот со нововодениот царински режим.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска Меѓународниот ден на трудот 1 Мај го одбележува со протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.
ЦИВИЛ им го честита 1 Мај на сите работнички и работници во Република Северна Македонија и во светот. Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се подобрат условите за работа и почитувањето на достоинството и правата на работничките и работниците.
Околу 600 севернокорејски војници биле убиени во војната во Украина, соопшти разузнавачката агенција на Јужна Кореја.
Најмалку 12 лица се повредени во пожари меѓу Ерусалим и Тел Авив во централен и јужен Израел, објавија израелските медиуми. Главниот автопат помеѓу двата града е затворен, а полицијата ги повикува луѓето да ја избегнуваат таа област.
Канцеларијата за домашна безбедност на Украина вчера објави дека привела четворица осомничени по истрагата за испораката на 120.000 неисправни минофрлачки гранати на бојното поле. Службата за безбедност на Украина, позната и како СБУ, на „Телеграм“ напиша дека меѓу уапсените има воен службеник, офицер за контрола на квалитетот и двајца директори на компанија за производство на одбрана.
Украинската и американската страна составија список на услови за завршување на војната, кој вклучува 22 „многу конкретни акции“, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.
СДСМ денеска преку соопштение изрази цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Премиерот на Украина, Денис Шмихал, денеска изрази надеж дека договорот за минерали меѓу владите на Украина и Соединетите Американски Држави ќе биде потпишан во следните 24 часа.
Русија не бара мир, туку има намера да ја замрзне војната за да продолжи со агресијата во иднина, напиша шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак во авторски текст за весникот „Гардијан“.