Author: Zoran Ivanov
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Њујорк: Украинските сили се извлекоа од руската област Курск по рускиот ненадеен брз продор на нивната одбранбена линија, пишува „Волстрит журнал“.
Новата поделба е во полн замав. Америка се реструктуира, Европа економски и политички тоне, а другите сили го заземаат просторот што остана празен. Балканот нема повеќе време за двоумење. Или ќе се позиционираме свесно, или другите ќе нè позиционираат за нас. Балканот повторно е она што секогаш бил – геополитичка ничија земја. Овој пат, сепак, американското повлекување и европската дезориентираност оставаат простор за нови сили. Д-р Џек Расмус вели дека светот повеќе не е еднополарен. Тој вели дека влегуваме во нова етапа на геополитичка поделба – и ние на Балканот сме, уште еднаш, на линијата на пресек. Според него, глобалната…
Кина ја разгледува можноста да се приклучи на мировната мисија во Украина, а Европската унија постави прашање дали европските партнери поддржуваат таква иницијатива, пишува германскиот весник Велт, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.
Студентски собир, студентски пленум и граѓански мара денеска и за утре во Скопје се закажани три собири во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица.
Во Нова Пазова и во две белградски опшптини, Палилула и Нови Београд, за денеска се најавени „збор-на-граѓани“ како „директна демократија“, како дел од чекорите на вониституционална политичка мрежа што се создава во Србија во изминатите неколку денови.
Бејрут: Израел изврши бомбардирање на соседен Либан, при што загинаа шест лица, меѓу кои и едно дете, соопштија либанските власти.
Горан Лефков: Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16. до 19. март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собра околу 54.000 лева, односно околу 27.000 евра и пристигна во Кочани да ги предаде парите. Камо среќа ние во Кочани да имавме вакви пратеници. Камо среќа и ние да имавме вакви пратеници. Благодарност од срце!
Граѓанското движење „Кој е следен?” во соопштение до медиумите пред најавените протести во понеделник побара транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот „Пулс“ од неговото отворање до несреќата од следните институции: Државен пазарен инспекторат, Министерство за Економија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Државен локален градежен инспекторат, Дирекција за заштита и спасување и Управа за јави приходи.
Две лица загинаа во украинскиот главен град Кјив и едно во руската област Ростов во напади со беспилотни летала во текот на ноќта, соопштија властите.
Фуркан Салиу: Новинарството е под страшен притисок. Власта не бира средства за да се заштити од оправданиот гнев на граѓаните. Тоа само по себе кажува многу – што им е поважно: вистината или избегнувањето на одговорност? Од ботови на социјалните мрежи, преку владини послушници маскирани како новинари, па сè до нечовечки манипулации врз грбот на семејствата на починатите. Па, имате ли барем грам човечност? Знаете ли што е морал? Што е образ? Сакате да заќутиме? Добро. Еве, ќе ве послушамe. Но дали нашиот молк може да ја измие крвта од вашите раце?
Гордан Калајџиев: Во теорија е невозможно да има потреба 34 лица да ги ставите во протвор. Тоа се користи како крајна мерка. Тука не станува збор за криминална структура и нема реална опасност од бегство. Луѓето коментираат зошто актуелен министер за не бидe предмет на истрага, а претходниот да го гледаме со лисици. Со кое лице се испраќааат во притвор луѓе кои издале лиценци пред 20 години додека некој со фалсификувана лиценца може да ги води тајните служби. Од кои може да зависи утре државата. Не може тој (премиерот) да мафта со докази во постапка, со наводни фалсификати и да…