Author: Zoran Ivanov
Студентите во блокада и пет синдикални здруженија во Србија најавија заеднички протест за 1. мај пред Владата на Србија, кога ќе врачат предлог за измена на Законот за работни односи и Законот за штрајкови, а воедно ќе одбележат и шест месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Како што објавија студентите во блокадата на официјалната веб-страница, тоа е чекор кон радикализација. -„Повеќе не стоиме само во блокади. Ова е чекор кон радикализација што ќе овозможи нови форми на притисок“, нагласија студентите во блокада во врска со протестот што ќе се одржи на Денот на трудот.…
Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи големи територии во замена за прекин на огнот со Русија, бидејќи тоа би било „капитулација“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Преговорите за Украина денеска влегуваат во „одлучувачка недела“, предвидоа САД. Овие надежи ги изрази американскиот државен секретар Марко Рубио, иако борбите не покажуваат знаци на смирување.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинската армија ги продолжува операциите во рускиот регион Курск.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека воведувањето санкции против Русија ќе придонесе за војната во Украина уште две години и нагласи дека Соединетите Американски Држави не го сакаат тоа.
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп значително се намали во првите 100 дена од неговиот мандат, покажуваат резултатите од најновата анкета на Си-ен-ен.
Њу Делхи: Индиските и пакистанските војници разменија оган трета ноќ по ред долж контролната линија што ги разделува двете земји, соопшти индиската војска.
На 27 април 2017 година познат како „Крвавиот четврток“, се случи насилен упад во македонското Собрание по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
И така, драги пријатели, додека катастрофата граби напред, делот од нацијата за кој мислев дека е се уште нормален- морализира. И реагира на дневните надразби. Павловиот рефлекс му е перфектен. Можеби мисли дека со тие пикадо стрелички ќе го убие слонот на власта? Не знам. Тие ја обвинуваат власта дека не се снаоѓа најдобро итн. А јас мислам дека власта се снаоѓа феноменално и дека тој што не се снаоѓа добро се морализаторите кои се уште не се изедени. Бранко Тричковски Секоја болка предизвикува бес. Што власта и медиумите се трудат да го убијат. Во замена, на менито нудат две…
Ванкувер: Неколку лица загинаа, а поголем број се повредени кога возило влета во публиката на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, соопшти полицијата, без да го прецизира точниот број на жртви.