Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само-понижување: срам од идентитетот

0
By Zoran Ivanov on July 1, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 1, 2025 20:56

Не, тоа не е власта и ВМРО ДПМНЕ, која е само појавната форма на “бранители на идентитетот”, туку тоа е медиумско-експертската-граѓанска “елита”, лево и центар, кои со партиски жаргон гравитираат околу СДСМ, а всушност се суштината на отпорот кон ЕУ и европската интеграција, иако “формално и службено” се секогаш (и по потреба) најголемите Европејци. Тоа е нашата наследена елита, која го чува “идентитетот”. Ама, кој идентитет?

Никица Корубин

Контекстот, тој магичен поим, кој ги определува нештата и вистината за нив. Па, логично за да дојдеме на спротивната страна од вистината на сцена стапува “вадењето од контекст” таа омилената играчка на нашата “јавност” и нејзината пропаганда, длабоко погодена деновиве од содржината на извештајот на ЕУ.

Па, дали е воопшто за изненадување целосната изјава “во контекст” (одговор на прашање патем речено), на еврокомесарката Марта Кос – “Членството во Европската Унија е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, затоа што, Европската Унија е изградена на принципот на разноликост. Во таа насока, идентитетот никогаш не може да биде предмет на политичко одлучување, туку е нешто што го носиме во душите и нашите срца. Идентитетот, е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина и како се грижиме за нашата традиција.

На пример, манастирите во Северна Македонија, на пример погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик. Никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците“ – да се сведе на реченица “надвор од контекст”: “Вашиот идентитет се манастирите, погачата, пинџурот и полнетите пиперки и тоа не може никој да ви го одземе”.

И дополнително при вадењето од контекстот целосно е изваден еден од нашите специјалитети “тавче гравче”. Двојна виктимизација.

Зошто на пример, при вадењето од контекст, не се извади почетокот, па да не преплавија наслови од типот: “ЕУ е најдобриот начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците”; или пак “Идентитетот, е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина и како се грижиме за нашата традиција”. Што е неточно во овие две реченици надвор од целосниот контекст, во споредба со онаа “кулинарската”? Разликата е во намерата.

Намерата која со години политички го злоупотребува идентитетот, а кога тој конечно добива хумана и социолошки исправна “дефиниција”, од страна на ЕУ по наше инсистирање, одговорот доаѓа во форма на единственото оружје против вистината: потсмевот. Таа децениска, наследена нишка, редовно употребувана токму кон Македонците.

Па, всушност оваа фраза, која масовно се шири во форма на “елитистичка навреда”, не е потсмев на Марта Кос кон нас (како што сакаат да имплицираат), туку е “наш”потсмев кон сопствениот идентитет. Истиот, рециклиран потсмев, кој го слуша(в)ме со години: “за Македончето, за членуваната форма, за кроткоста, за “тажниот југ”.

Но, она што е посебно интересно деновиве, особено после официјалното вклучување на “српскиот свет” и националната и регионална опасност од него, во официјален документ на ЕУ; паралелно со “македонскиот идентитет и јазик” очигледно на наше инсистирање за “гаранции”; е страната од која доаѓаат и “неоправдано и необјасниво” негативните реакциите, но и потсмевот.

Не, тоа не е власта и ВМРО ДПМНЕ, која е само појавната форма на “бранители на идентитетот”, туку тоа е медиумско-експертската-граѓанска “елита”, лево и центар, кои со партиски жаргон гравитираат околу СДСМ, а всушност се суштината на отпорот кон ЕУ и европската интеграција, иако “формално и службено” се секогаш (и по потреба) најголемите Европејци. Тоа е нашата наследена елита, која го чува “идентитетот”. Ама, кој идентитет?

И тоа е болката, која ја предизвика една толку едноставна изјава, и еден малку поотворен извештај. Далеку од мистификацијата на неколку внимателно избрани историски ликови, и дузина други скриени, кога веќе утврдивте со потсмев, ароганција, и лажна грижа – дека кулинарството, обичаите, традицијата, манастирите, грижата и чувството кон татковината – не се идентитетот – може ли конечно да слушнеме – што е идентитетот?

Освен, неколку историски ликови, кои брутално се злоупотребуваат надвор од секаков историски и цивилизациски контекст, на сметка на се’ што се премолчува. Па, кога се’ ќе ставиме во контекст, единствени кои “се исмеани” сите овие години се граѓаните, и тоа од сопствените “елити”, кои длабоко навлезени во системот, единствено го бранат “идентитетот на заробеното општество”.

Се’ друго уништија, и гравот и пиперките и питите, и манастирите и односот и љубовта кон земјата, и носиите и традицијата. И после сегашноста, сакаат да ја уништат и иднината. Срам од себе или срам за нас?

Од Фејсбук ѕидот на авторката

идентитет колумна Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.