Author: Zoran Ivanov
Иницијативата „Купувај европско“ има за цел да поттикнува заедничка набавка, особено за големи проекти од колективен интерест, меѓу кои противвоздушната одбрана, проектили со голем дострел, карго-авиони, кибер или вселенски инвестиции. Согласно принципот „Купувај европско“, вредноста на трговијата со вооружување меѓу 27-те земји членки на ЕУ ќе треба да претставува најмалку 35 отсто од вредноста на целиот континентален пазар до 2030 година. Во моментов уделот е 15 отсто. ЕНР Решително се движиме кон силна и посуверена одбрана на Европа, изјави неодамна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по кризниот Самит на лидерите на ЕУ, чија цел беше одобрување на Планот за…
Денес, албанскиот народ во земјава е под напад од институциите на сопствената држава коишто се целосно заробени од политичките и етноцентристички интереси на власта.
Како што објави Си-Ен-Ен, штотуку е објавено дека електронските уреди увезени во САД ќе бидат ослободени од тарифите што ги воведе американскиот претседател.
Лариса Дир: Руската Федерација бесрамно демонстрира дека не сака завршување на војната – државата-терорист продолжува со постојани напади врз цивилната инфраструктура, што доведува до бројни жртви и ги лишува луѓето од пристап до основните средства за живот. Руската Федерација продолжува со масовно мачење на воени заробеници, егзекуции и насилни исчезнувања, како и со депортација и присилно преселување на цивилното население. Потребата од преземање одговорност од страна на Руската Федерација и избегнувањето на неказнивост за кремљовскиот режим е итна потреба. Државите-партнери ја поддржуваат забрзаната постапка за создавање на Специјален трибунал за истрага на злосторството агресија против Украина и меѓународен компензациски механизам,…
Во време кога американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги менува своите ставови за трговската политика, соочувајќи ги финансиските пазари со голема нестабилност, дел од менаџерите на инвестициски фондови во САД сè повеќе ја доведуваат во прашање рационалноста на неговите одлуки, пишува „Индепендент“.
Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Наместо вистински реформи за подобрување на стандардот на граѓаните, десничарската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да го редефинира самото значење на сиромаштијата.
Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, рече денеска потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, на прес-конфереција.
Според нашите информации, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. Деветнаесет од нив се приведени или се приведуваат. Од нив за еден е утврдено дека не е во земјава. Станува збор за Дритон Кучи, исто така поранешен министер за економија како кадар на ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.
Девет години подоцна, сè уште се бориме со сенките на минатото и со новите маски на стариот режим. Но Шарената револуција остана неуништливо сведоштво – не затоа што боите и настаните не избледеа од сеќавањата, туку затоа што идејата за правда, еднаквост и слобода не се предаде.Таа не беше момент, туку движење. Не беше настан, туку завет. Ниеден режим не може да ја избрише храброста на народот што го крена гласот.
Скопје: На граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ се одржа свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.
Санто Доминго: Владата на Доминиканската Република во петокот објави извештај за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб на почетокот на оваа недела, во кој загинаа најмалку 221 лице, но извештајот не ја разјасни причината за трагедијата и се очекува тим од национални и меѓународни експерти да продолжи да ја истражува.