Author: Zoran Ivanov
Руските сили извршија балистички ракетен напад врз Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бања Лука: Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска соопшти дека, како и секој несакан посетител, и германската министерка Ана Лерман кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени.
Венко Филипче: Повикав на средба со сите претседатели на политичките партии. И да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време, а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба. Јас на тој состанок го претставував СДСМ, а премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ и ние се состанавме како лидери на двете најголеми партии во македонскиот блок. Притоа, премиерот Мицкоски беше првиот којшто без забелешка и единствен кој ја прифати поканата за средба, истакна денеска Филипче од Струмица. Апсолутно сметам дека треба да продолжиме во следниот период во насока на организација на средба на лидерите на…
Учениците кои вчера со велосипед заминаа од Нови Сад за Стразбур се на пат вниз Унгарија. Денеска ќе поминат 137 километри, а ќе преноќат во Дунајуварош.
Новите американски царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп не го прекршуваат договорот за НАТО, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте по средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на воената алијанса во Брисел.
Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ги додели традиционалните годишни награди.
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го проби ќор-сокакот и започна разговори, чекор по чекор, за постигнување мир во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата во врска за напорите на САД за ставање крај на украинскиот конфликт.
Марина Тунева: Кога законите важат само за некои, тоа е привилегија, не систем. А вистински систем се гради со тивка лична одговорност, не со гласни изговори. Со постапки кои никој не ги бара од тебе, ама ти знаеш дека се исправни. Како кога си пишуваш казна сам на себе. Или како кога граѓани во Дебар маало во Скопје инсистираат да се подигне непрописно паркирано луксузно возило, без оглед на тоа чија е табличката и без разлика кој седи зад воланот. Нема големи промени без мали примери. Нема доверба без доследност. И нема почит за правилата, ако првите што треба да…
Братислава: Илјадници граѓани синоќа излегоа на улиците на Братислава протестирајќи против нов закон што, според критичарите, ќе биде погубен за многу невладини организации.
Горан Лефков: Ние како истражувачки новинари сме фокусирани во делот на борба против корупцијата и таму знаеме дека за да ти се случи еден коруптивен настан, мора целиот круг да биде затворен како струјно коло. Една институција да профункционирала во тој момент немаше да се случи ова. Да не се лажеме, највиновна е полицијата. Да имаше доблест, да имаше морал министерот, требаше веднаш да си поднесе оставка, за да остави простор целата истрага да се одвива независно. Тоа не го видовме. Не видовме одговорност кај највисоките чинители на власта, бидејќи тие се тие коишто го водат системот. Ден претходно да…
На американската, но и на сите други позначајни светски берзи, нагло паднаа акциите на многу брендови. Само на Волстрит беа збришани околу 2.400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500.
Најмалку седум луѓе се избодени со нож денеска во крвав напад во американскиот главен град Вашингтон, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата. Повредените се пренесени во болница, соопшти службата за итна помош.