Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руте: Американските царини не го кршат договорот за НАТО

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 4, 2025 18:08

Новите американски царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп не го прекршуваат договорот за НАТО, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте по средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на воената алијанса во Брисел.

Неговата изјава е одговор на новинарско прашање за воведувањето на американските царини, што се однесува на член 2 од Северноатлантскиот договор, во кој се вели дека сојузниците на НАТО „ќе настојуваат да ги елиминираат конфликтите во нивната меѓународна економска политика и ќе ја охрабруваат економската соработка“ меѓу која било или сите членки.

Во Брисел вчера и денеска министрите за надворешни работи на НАТО разговараат за понатамошните планови за претстојниот самит во Хаг и за итните безбедносни прашања.

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата воведе реципрочни царини за повеќе од 180 земји и територии во светот. Администрацијата на Трамп, која го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, воведе и царини од 25 отсто за увоз на сите автомобили од странско производство.

Претходно, Руте нагласи дека Континуираната посветеност на САД останува основата на безбедноста на НАТО

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот изјави дека администрацијата на Трамп е посветена на останување во НАТО и ги повика 32-те членки на воената алијанса да ветат дека ќе ги зголемат трошоците за зајакнување на нивните одбранбени способности.

 

НАТО Руте санкции Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.